Овогодишната Нобелова награда за хемија е доделена на тројца научници – јапонецот Сусуму Китагава, британецот Ричард Робсон и јорданецот Омар Јаги, за развој на револуционерна класа на супстанци познати како метал органски рамки (MOF – Metal-Organic Frameworks).

Нивниот изум отвора сосема нови патишта во хемијата и пружа можност за создавањe на материјали кои можат да решат некои од најголемите предизвици на современиот свет, од климатски промени до недостигот на вода. Нобеловиот комитет ги пофали лауреатите бидејќи развиле молекуларни конструкции со големи шуплини низ кои можат да минуваат гасови и други хемикалии. Ваквите структури можат да се користат за извлекување вода од пустинскиот воздух, зафаќање на јаглерод диоксиодoт, складирање на отровни гасови или забрзување на хемиските реакции.

Научниците веруваат дека MOF можат да бидат „материјал на 21-виот век“, баш како што пластиката и силициумот го одбележија претходниот период. Компаниите ширум светот веќе вложуваат во масовно производство на MOF материјали, бидејќи тие нудат можност истовремено да се решаваат проблеми во областа на климатските промени, енергетиката и загадувањето.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија