Насловна / Вести / Њујорк го забрани користењето на природен гас во новите згради

Њујорк го забрани користењето на природен гас во новите згради

Во најголемиот американски град, станарите на сите нови згради нема веќе да користат гас за греење и готвење. Со овој чекор се верува дека ќе се намали јаглерод диоксидот за околу 2,1 милиони тони до 2040 година, што би било еквивалент на годишните емисии на 450 илјади автомобили, прецизира експерстката група RMI. Законот стапува на сила во 2023 година за зградите до седум ката, и во 2027 година за зградите над оваа катност. Исклучок има за болниците, кујните, пералните и одредени производствени дејности. Групите за заштита на животната средина го поздравиле овој закон, како неопходен чекор во борбата против климатските промени. Во заедничкото соопштение се нагласува дека користењето на гасот добиен со фрактурирање на нафтени шкрилци, е меѓу главните причинители на климатските промени.

NY1

Во мај 2020 година државата Њујорк ја оспори дозволата за изградба на гасовод за снабдување на североистокот, проект вреден 1,4 милијарди американски долари. Како причина е наведено дека долгорочните вложувања во гасната инфраструктура би можело да ги загрозат климатските цели, но и да претставуваат финансиски ризик за потрошувачите. Според федералните енергетски податоци на САД, во државата Њујорк 29% од потребната енергија се добива од нуклеарки, 22% од хидроелектрани, 4% од нафта и остатокот од гас. Според наводите на експертската група RMI, државата Њујорк троши повеќе фосилни горива во станбените и деловни згради, отколку било која друга сојузна држава, а зградите во градот Њујорк се одговорни за најголемиот дел од таа потрошувачка.  Загревањето на просторот е одговорно за речиси 40% од вкупната емисија на гасови со ефект на стаклена градина во градот Њујорк. Неколку десетици помали градови во САД исто така го забраниле приклучувањето на природниот гас во новите згради, додека Сан Франциско и Сиетл исто така одат кон тоа. Од друга страна, државите Тексас и Аризона на своите градови им забраниле да спроведуваат такви одлуки, заземајќи се за ставот дека граѓаните треба самите да имаат избор околу изворите на енергија кои ги користат.

Natural Gas New York

Индустријата за нафта и гас се спротивставува на законот во Њујорк, објаснувајќи дека користењето на гасот за загревање на просторот во комбинација со водород и депонсики гас, значително ќе ги намали трошоците но и ќе ги намали емисиите.

NY3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top