Насловна / Вести / Њу Делхи: Кула со вентилатори за намалување на смогот

Њу Делхи: Кула со вентилатори за намалување на смогот

Главниот град на Индија, Њу Делхи ја пушти во работа својата прва „кула за смог“ (smog tower), која би требало да го намали загадувањето на воздухот, кое се смета за причина за глем број предвремени смртни случаи. Концентрацијата на PM честички во воздухот во Делхи ја надминува дозволената граница и над 20 пати, особено во зима. На врвот на кулата висока 25 метри, поставени се 40 големи вентилатори, кои преку филтри треба да испумпаат 1000 метри кубни воздух во секунда. На тој начин, се очекува концентрацијата на цврстите честички локално да се намали, односно да се преполови. Станува збор за експериментална инсталација, која доколку с епокаже успешна, ќе се примени и на други локации низ градот.

smogtower1

smogtower2

Инсталацијата чини 2 милиони долари, па затоа многумина тврдат дека изградбата на доволен број такви „чистачи“ ќе однесе серизни инвестиции. Тие бараат наместо во вакви вложувања, фокусот да биде во решавање на самите извори на загадувањето. Според податоците на Светската здравстена организација, во Индија се наоѓаат 14 од 15 најзагадени градови во светот. Една Студија објавена во престижниот Lancet во 2020 година, укажува дека Индија забележала 1,67 милиони смртни случаи кои се поврзуваат со загаденот воздух во 2019 година, од кои речиси 17.500 само во Делхи. Во 2018 година и Кина изгради во експериментални цели smog tower висока 60 метри, но концептот не се прошири на други места и градови.

smogtower3

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top