Насловна / Арт и дизајн / Реткиот Mercedes-Benz A160 Edition Hakkinen, се продава за 44.900 евра

Реткиот Mercedes-Benz A160 Edition Hakkinen, се продава за 44.900 евра

Mercedes во деведесетите години од минатиот век немаше ниту еден моќен хечбек, а првата генерација на A класата била дизајнирана во MPV стил. Но, тоа не ја спречи компанијата да понуди специјална верзија на компактен хечбек и така да го прослави својот успех во „Формула 1“, заедно со McLaren. Повеќе од две децении подоцна, во продажба се појави перфектен примерок од реткиот модел Mercedes-Benz A160 Edition Hakkinen, произведен во 1999 година, а неговата цена е 44.900 евра. Сумата е „сериозна“, бидејќи автомобилот го носи името по финецот Mikа Hakkinen, човекот кој успеа да го победи легедарниот Michael Schumacher и да ја освои титулата во 1998 и 1999 година. Така  Mercedes на Саемот за автомобили во Есен во 1998 година, во чест на своите возачи на „Формула 1“,  Mikа Hakkinen и David Coulthard претставил две специјални изданија на  A-класата W168, и секој од нив е произведен во само 125 примероци.  Edition Hakkinen и Edition Coulthard се во боите  на во тогашните Mercedes-McLaren болиди, каросерија со сива, односно детали со црна и црвена боја. На предната врата е испишано името на возачот покрај знамето на неговата земја.

hakkinen1

Специјалните верзии се нуделе со стандардни мотори од А- класата, познати по своите перформанси. Предноста на примерокот кој се нуди на продажба е што минал само 215 километри. На сегашниот сопственик му е доставен во Рим во 1999 година, и оттогаш е главно по салони и гаражи. Затоа и се наоѓа во совршена состојба.

hakkinen2

hakkinen3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top