Насловна / Вести / Нисан ќе осветлува еден град со користени батерии од електрични возила

Нисан ќе осветлува еден град со користени батерии од електрични возила

Јапонскиот производител на автомобили Nissan ќе ги користи батериите од старите електрични возила во комбинација со соларни панели, со цел да го напојува комплетното улично осветлување на градот Namie, кој се наоѓа северно од Токио во префектурата Фукушима.

Nissan 3

Самиот дизајн на светилките е минималистички и модерен, а бидејќи работат вон мрежа, не се потребни никакви дополнителни кабли.  Независноста од мрежата овозможува обезбедено напојување дури и во случај на природни катастрофи кои би го исклучиле централното напојување.

Nissan 2

Основата на овој концепт е во искористување на батериите кои веќе го завршиле својот животен век во електричните автомобили, но може да добијат втор живот за оваа намена. Проектот е наречен  “Reborn Light” и целосно ќе се реализира до крајот на 2018 година.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top