Насловна / Архитектура / Лужники – најголемиот стадион во Русија

Лужники – најголемиот стадион во Русија

Подготовките за 21 Светско првенство во фудбал 2018 година (FIFA World Cup 2018) кое ќе се одржи од 14 јуни до 15 јули во Русија се во завршна фаза. Toa за прв пат ќе се одржи на два континента. Русија е најголемата земја која била домаќин на мундијалот. На турнирот ќе има 32 национални тимови, вклучувајќи го и домаќинот. Вкупно 64 натпревари ќе се одиграат нa 12 стадиони лоцирани во 11 градови. Почнувајќи од овој број на списанието и во наредните броеви ќе Ви ги претставиме стадионите на кои ќе се играат натпреварите.

Големата спортска арена на Олимпискиот комплекс Лужники (Большая спортивная арена Олимпийского комплекса Лужники) или кратко Лужники е најголем стадион во Русија со капацитет од 81.000 гледачи.

0080
На Летните олимписки игри во 1952 година кои се одржале во Хелсинки советскиот спортски тим освоил 71 медал од кои 22 злата. Тоа бил огромен успех кој бил повод за изградба на нов спортски комплекс. Неопходно било комплексот да ги почитува сите современи светски стандарди, а истовремено да служи и како база за обука на олимпискиот тим и арена за големи домашни и меѓународни натпревари.
На 23 декември 1954 година, Владата на СССР одлучи да изгради голем московски стадион во Лужники.
Првиот проблем со кој се сретнале проектантите, архитектите Рожин и Улас под водство на Власов и инженерите Насонов, Резников и Поликарпов била локацијата. Требало да се најде голема локација, по можност во зеленило, во близина на центарот на градот и да се вклопи во транспортот и сообраќајот. Лужники ги исполнувал сите услови има и близина на река, многу зеленило и чиста околина.

0010
„… Ги насликав идните локации на централната арена, базенот и терените за играње. Мислев дека го слушнав ударот на боксовите, истрелот на пиштолот за старт, прскањето со зеленикава вода и затегнати фудбалски удари. …) Извадив еден лист хартија од мојата папка и потпирајќи се на камен, ги скицирав контурите на идните структури. Некој, ѕиркајќи над моето рамо, свечено изјави:
– Ќе се формира град тука!
– И каков град! – Извикав. – Град на спортот!“
(од книгата „Народниот најголем стадион“ од В. П. Поликарпов, еден од творците на Централниот стадион во Лужники)
Во јануари 1955 година, градот на спортот Лужники почнал да се проектира. Проектот бил завршен за 90 дена, а во пролетта 1955 година започнала изградбата.

LENIN

Централниот стадион во тоа време наречен, Стадион Ленин (Центральный стадион имени В. И. Ленина) го градела целата земја. Градители, волонтери и градежни материјали пристигале од сите краеви на големиот СССР. Почвата на која е изграден комплексот создавала дополнителни проблеми, бидејќи се работело за мочурливо земјиште со слаба носивост, носени се милиони кубни метри земја, а целиот комплекс е подигнат за половина метар.

0002
Спортскиот центар се состоел од стадионот, спортска арена, мала арена, спортска палата, базен и голем број отворени спортски терени.
На 31 јули 1956 година свечено е отворен централниот стадион изграден во рекордно време – за само 450 дена.

dji_0953_panorama
Комплексот е од огромно значење за спортот во СССР и денеска за Русија. Одржани се многу значајни спортски манифестации, од нивниот локален спортски настан Спартакијада (со поголем број учесници од Олимписките игри), светски и европски првенства во хокеј, Летни олимписки игри 1980, финале на Купот на УЕФА 1999, финале на Лигата на шампионите 2008, Светско првенство во атлетика за денес подготовките на стадионот да се во завршна фаза за отворањето на Светското првенство во фудбал 2018. Стадионот претрпел неколку реконструкции, пред Олимписките игри во 1980, и во раните 90-ти години, но најголема е онаа отпочната во 2014 година, која е скоро завршена и летово стадионот ќе ја дочека најспоредната најважна работа на светот. Примарна цел на последната реконструкција е да се создаде модерна арена од светска класа која ги задоволува сите стандарди на ФИФА, истовремено зачувувајќи ја историската фасада на стадионот што ја симболизира архитектурата на Москва и рускиот спорт.

luz_5
Околу Лужники постоела дилема. Едната била дали стадионот да се сруши и изгради нов (ова е поевтината варијанта) или да се задржи историскиот надворешен изглед, а да се менува однатре. Втората варијанта победи „Стадионот Лужники е историски и архитектонски симбол на спортот за Москва и за цела Русија“, рече Мурат Ахмадиев, кој ја предводи канцеларијата за надзор во големата спортска арена.

luz_4
„Проектот за реконструкција на Лужники е еден од најефектните реконструкции во светот“ – изјави Марат Хуснулин, заменик-градоначалник на Москва задолжен за политиката за развој на целата градба во главниот град. Новиот Лужники е опремен со супер софистицирана опрема, во многу нешта за прв пат видена во светот.
Реконструкцијата започна во 2014 година, кога работниците ги демонтираа сите неносиви елементи, останаа само ѕидовите, надградбата на покривот, лежиштата и некои делови од трибините кои помагаат за стабилноста на објектот.

luz_3
Новите метални конструкции за кровот се превезувани од Чељабинск, каде што биле произведени од локална фабрика, а тешки се вкупно 460 тони. За споредба, најголемиот камион во светот, BelAz-75710, е 100 тони полесен.
При реконструирањето спуштен е теренот со што капацитетот на трибините од 78.000 се зголеми на 81.000 гледачи, а публиката сега е поблиску до теренот. Трибините се поделени во различни зони, во зависност од барањата и спецификите на спортот или друг настан.

0070

Стадионот има ВИП- трибина за 2.000 гости и гостинска зона за 4.500 луѓе. Медиумската зона може да собере околу 2.500 луѓе, а предвиден е и простор за 300 лица со посебни потреби. Седиштата се во две бои црвена и беж. Оваа комбинација беше избрана на онлајн гласање на 137.000 жители на градот.

0030
Вкупната ширина на излезите од стадионот е зголемена за 100 метри (од 144 до 249 метри) поради поголема безбедност, што овозможува де се избегне метеж и долги редици. Бројот на главните излези е зголемен од 13 на 16. На публиката ѝ се потребни 15 минути за да ја напушти арената.

024_0905
Стреата на покривот по периметар е проширена за 11 метри за да може да се заштитат гледачите од врнежи. Површината на покривот е заменета со најсовремен полупроѕирен поликарбонат како заштита од врнежи и сонце.

038_0957

Во покривот се вградени светилки и LED-диоди кои за време на натпревари и други настани го претвораат во огромен екран со површина од 40.000 квадратни метри. На екранот може да се прикажат знамиња на тимовите, резултати, емитуваат видеа или прикажуваат други информации.

luz_1
Постојат три режими на осветлување на фасадата, рутинско дневно осветлување, рутинско ноќно осветлување и свечено осветлување за време на големи спортски настани, случувања и празници.

4
Платформата на покривот за набљудување е дополнителна карактеристика. Обезбедува извонреден поглед на центарот на Москва, Новодевичниот Сабор, облакодерите на Московскиот меѓународен бизнис-центар, кон реката Москва и Московскиот државен универзитет Ломоносов.

064_1387
Фудбалскиот терен е единствен и ги задоволува сите највисоки барања на ФИФА. Теренот е слој со дебелина 1,5 метри кој се состои од систем за греење, наводнување, системи за аерација и системи за следење на агротехничките спецификации на тревата. Цевки со должина 35 километри поставени се под фудбалското игралиште. Системот за полевање има 35 прскалки, а техничкиот објект располага со шест цистерни за вода од по 8.000 литри. Природната трева беше засадена минатиот август. Потребни беа 410 килограми семе, посебен вид кој ќе одговара на неповолната московска клима. Системот за греење одржува стабилна температура (+ 15 С), со посебен систем кој симулира сончева светлина, што овозможува да се одржи тревата и во зима.

089_1428
Покрај единствениот тревник, фудбалското игралиште има контролен систем кој ќе им овозможи на судиите прецизно да го видат моментот кога топката со целиот свој обем ја преминува линија, која во тие моменти живот значи, многу радост или тага. Неколку видеокамери ќе ги набљудуваат головите, а судиите навремено ќе добиваат податоци преку специјални нараквици.

10
Освен големата спортска арена, 19 објекти со вкупна површина од 50.300 квадратни метри ќе бидат изградени или надградени во комплексот Лужники. Центарот за акредитација, три фудбалски тренинг-терени, три инфраструктурни објекти, пет безбедносни влезови за скрининг на посетители, три улични спортски сервисни центри, две канцеларии за билети и два други павилјона за услуги.

луз2
За времетраење на Светското првенство, комплексот ќе располага со привремени шатори со вкупна површина од 116.000 квадратни метри, во кои ќе бидат сместени разни објекти, вклучувајќи ги и канцелариите на Организацискиот комитет на ФИФА и Русија 2018, центарот за билети, ТВ-билтенот и коментаторските кабини, волонтерите, безбедносните служби и др.

луз1
Системот за надгледување на стадионот ќе има околу 1.500 безбедносни камери.
Олимпискиот комплекс „Лужники“ е обновен и е главен спортски парк во Русија.

3L3
Во спортскиот комплекс комплетно е среден и реновиран и паркот, насипот на реката Москва, направени се нови дополнителни пешачки зони. На насипот сега се наоѓаат велосипедски, пешачки патеки и шеталишта. Водата се претвори во еден огромен јавен простор. Косиот насип што води кон реката е заменет со дрвен, изработен од специјално третиран ариш. Луѓето можат да вежбаат, да се сончаат, читаат, релаксираат и уживаат на реката Москва. Фонтаните се реновирани и надградени.

2L2
За крај на прошетката посетителите можат од покривот на стадионот да се спуштат до кејот користејќи „зиплајн“. Спуштањето трае околу 3 минути, а должината на челичниот кабел е 170 метри.

079_1411

002_3745
Стадионот Лужники е најсовремен стадион на светот. Според престижниот спортски портал stadium db.com Лужники е прогласен за најдобар стадион на свет за 2017 година. Порталот составува жири од архитекти кои ги бираат стадионите според критериуми во три категотии: архитектонска вредност (макс. 4 поени), функционалност (макс. 4 поени) и иновации (макс 2 поени). Според жирито „Лужники“ доби за архитектонска вредност 3.00, функционалност 3.16 и иновација: 1.68, што го става на прво место, пред стадионот Nanterre во Париз и Mercedes-Benz Stadium во Атланта.

11

(продолжува)

„ЛУЧНИКИ“ ПРЕКУ БРОЈКИ:
• Вкупна површина на реновирање со трибини: 221.000 м2
• Вработува 2100 работници и 29 видови градежни машини
• Системот за надгледување 1.500 безбедносни камери
• Паркинг за 4000 автомобили
• Настрешницата продолжена за 11 метри
• 30.000 луѓе можат да користат Wi-Fi истовремено
• металните конструкции за кровот тешки вкупно 460 тони
• цена на реконструкција преку 440 милиони евра

066_1394

068_1399

007_1276

Испрати коментар

Scroll To Top