Насловна / Вести / Невообичаено топлата зима ја ублажи енергетската криза во Европа

Невообичаено топлата зима ја ублажи енергетската криза во Европа

Поради натпросечно топлата зима, Европа не чувствува силен удар од енергетската криза, а се очекува ваков тренд и до крајот на зимата, пишува The Economist. Имено, ширум Европа се рушат температурни рекорди за овој период од годината, а цените на енергентите паѓаат: цената на природниот гас на главниот континентален јазол TTF во Холандија, веќе е на нивоа како пред војната во Украина. Топлата есен ја одложи грејната сезона овозможувајќи максимална исполнетост на складиштата за природен гас. Европа троши двојно помалку гас отколку последните две зими.

economist1

Поволните временски услови не се единствената причина за оптимизам. Снабдувањето со приросен гас се диверзифицира со помош на новоизградените терминали за течен природен гас (ТПГ), а и француските нуклеарки после проблемите со ладењето во летниот период веќе се враќаат во редовен режим на работа. Падот на цените на енергијата веќе овозможува поволно опкружување за економијата, што се гледа и по првите деловни показатели оваа година.

economist2

Сепак, се предупредува дека сеуште е рано за прогласување на крај на енергетската криза. Цените се и натаму над вообичаените. На пример, електричната енергија е околу двојно повисока споредено со средината на 2021 година. Иако складиштата на гас се полни, сепак Европа и натаму е далеку од комотна позиција. Побарувачката на гас во Азија и натаму расте, а наглите промени на цената на пазарите на гас и натаму се многу веројатни. The Economist пишува дека Европа би требало да ја искористи во своја полза досегашната среќа со времето, а истовремено мора да ги преиспита бројните програми за поддршка воведени во текот на минатото лето, бидејќи голем дел од нив се скапи, неефикасни и без одредена цел.

economist3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top