Насловна / Вести / Неверојатни сцени – суперјахта во тесните холандски канали (видео)

Неверојатни сцени – суперјахта во тесните холандски канали (видео)

Немаме често шанса да видиме огромна суперјахта како плови низ тесните канали на Холандија. Сцените се зачудувачки додека „Project 817“, брод долг 94 метри, изграден во холандското бродоградилиште „Фидишип“, патува од Каг, место на остров во Северното Море, сè до Ротердам.

j1

Серија зачудувачки слики на Том ван Осанен, прикажуваат еден од најголемите пловни објекти кои запловија во 2021 година, како напредува низ каналите со помош на влекачи, минувајќи веднаш покрај куќите и црквите, додека луѓето од страна гледаат зачудено, пренесува CNN .

Фотографот посочува дека помеѓу четири и шест суперјахти ја поминуваат оваа рута секоја година, пред да заминат на тестирања на море, кои обично се одржуваат во близина на Амстердам.

Меѓутоа, малку се оние големи колку „Project 817“, која веројатно ќе биде позната како „Вива“ кога официјално ќе почне да плови.

„Ова е прилично голема операција која многу луѓе сакаат да ја следат“, вели Осанен.

За да може поминувањето низ тесните канали да биде безбедно, мора да се спроведат голем број мерки кои опфаќаат и копно и вода.

„Понекогаш на граѓаните им треба цел час да го поминат мостот, а земајќи го предвид обемот на сообраќај во Холандија, сообраќајниот метеж се создава многу брзо“, објаснува фотографот.

Една од двете бродоградилишта на компанијата „Фидишип“ се наоѓа во островскиот град Каг, што значи дека секоја јахта испорачана одтаму мора да се транспортира на ист начин.

„Двете бродоградилишта се прилично далеку од Северното Море, така што јахтите за да стигнат до морето, треба да поминат низ тесните канали до Ротердам“, вели Осанен и додава дека постои само еден пат.

j2

Дури и еден сантиметар може да биде фатален

Некои делови од каналот долж трасата се само неколку метри пошироки од пловниот објект „Project 817“, кој во најширокиот дел зафаќа цели 30 метри. Ова значи дека патувањето кое подразбира мал простор за маневар бара големо внимание и вештина.

j3

„Оваа јахта е целосно дизајнирана да се вклопи во водниот пат“, вели Осанен, истакнувајќи дека видел само четири суперјахти со оваа големина кои патувале од Каг до Ротердам.

„Дизајнерите веројатно не смееле да додадат ниту еден сантиметар на нејзината должина или ширина. Во прашање е максимум во однос на мостовите и другите ограничувања на пловните патишта “, нагласи фотографот.

Од компанијата за изградба на бродови „Фидишип“ велат дека времетраењето на транспортот зависи од различни фактори, вклучувајќи ги јачината на ветерот и распоредот на работата на мостовите, и дека може да трае помеѓу два и четири дена.

Патувањето на суперјахтата „Project 817“ до Ротердам траеше околу четири дена.

Испрати коментар

Scroll To Top