Насловна / Архитектура / Нестандарден дизајн на дом во Мелбурн

Нестандарден дизајн на дом во Мелбурн

Создавањето куќа што е подеднакво привлечна и пријатна и за сопствениците и за нивните гости, понекогаш може да биде голем предизвик.

Појдовна точка е дизајнирање и изградба на модерни куќи кои комбинираат ентериери со природата, со соодветна доза на приватност. Еден дом во Мелбурн, сепак, реши да му пристапи на овој проблем на сосема поинаков начин. Дневната соба во оваа куќа се наоѓа на првиот кат, заедно со кујната и трпезаријата што се отвораат кон надвор.

Melburn

И, иако тоа звучи сосема природно, овој концепт е многу редок, бидејќи овие простори обично се наоѓаат на долниот кат на станбените објекти. Овој дизајн на домот им овозможува на сопствениците лесно да комуницираат со соседите, како и со сите оние кои поминуваат покрај нивниот дом. Clinton Murray Architects се одговорни за специфичниот дизајн на овој дом, а името на оваа куќа е Levo House.

Melburn1

Приватните простории што ги сочинуваат спалните соби во оваа куќа се наоѓаат во нејзиниот долен дел. Друга впечатлива и интересна карактеристика на овој дом е необичната конструкција на покривот, која се забележува дури и од голема далечина и придонесува за фактот дека куќата изгледа визуелно многу пошироко отколку што е.

Melburn2

Неутрална палета на бои поминува низ внатрешноста на овој дом, која вклучува бела, како и боја на дрво. Покрај тоа, присуството на бетонски sидови и надвор и внатре му дава на овој дом необичен шарм и модерен изглед. Големите лизгачки стаклени врати што ја поврзуваат внатрешноста со терасата, како и големите кровни прозори внесуваат многу дневна светлина во внатрешноста.

Melburn3

И, конечно, важен детал што придонесува куќата да изгледа уникатна е теренот на кој се наоѓа во форма на триаголник. Совршената рамнотежа помеѓу приватноста и отвореноста ги прави сопствениците да го извлечат најдоброто од двата света.

Melburn4

Melburn5

Испрати коментар

Scroll To Top