
Јапонците се вистински уметници кога станува збор за употреба на хартијата како материјал.

Younoma Bar е необичен бар во Осака, направен од младите дизајнери од јапонското студио Naoya Matsumoto Design, како место во кое луѓето ќе се дружат и ќе најдат инспирација. Ентериерот е пренаменет во приземјето на постоечка куќа со поглед кон алејата, во галериски простор.

Станува збор за т.н. само-изграден простор, создаден со невообичаен но едноставен материјал: хартија, која со притисок самата се обликува и создава впечаток на интимен, пештерски простор во кој ќе се собираат луѓето. Овој огромен простор обложен со хартија е како тајна база, која го одвлекува вниманието на минувачите и се претвора во бар во текот на ноќта.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија