Насловна / Вести / Необичен ентериер на куќа во Флорида, чии ѕидови се обложени со лименки од пиво

Необичен ентериер на куќа во Флорида, чии ѕидови се обложени со лименки од пиво

Оваа необична куќа во Флорида, која од надвор изгледа како и секоја друга, е на продажба за 86.000 евра. Кај оваа куќа необично е тоа што сите ѕидови од внатрешноста се обложени со лименки од пивото Budweiser. Се проценува дека десетици илјади лименки го украсуваат овој простор, кој некогаш му припаѓал на еден ветеран на американската морнарица,голем љубител на пивото од споменатиот бренд. Проектот на уредување на својот дом со лименки го започнал во 1990 година, а го завршил 16 години подоцна. Кога дознале дека оваа куќа е на продажба, од компанијата Budweiser се јавиле во агенцијата за недвижности со понуда за новиот сопсвеник во вид на залихи од нивниот пијалок, но само под услов да ја остави куќата онаква каква што е.

budweiser1

budweiser2

budweiser3

budweiser5

Испрати коментар

Scroll To Top