Насловна / Архитектура / „Бран“ од алуминиум

„Бран“ од алуминиум

„The Wave“ е нова уметничка галерија во Тијанџин. Зградата во форма на голем бран се наоѓа на брегот, а нејзината фасада се карактеризира со алуминиумски „плочки“. Се шири на повеќе од 3.563 квадратни метри и се планира да стане културен центар на новата област Бинхај во овој град. Проектот е направен од студиото „Lacime Architects“ од Шангај, кое инспирацијата за обликот на зградата го пронашла во влијанието на брановите што удираат на брегот. Овој „бран“ со сјаен изглед воспоставува „дијалог“ меѓу самиот објект и природата. Зградата всушност претставува симболично постоење каде морето и земјата се среќаваат, односно место каде што луѓето, морето, воздухот и сонцето создаваат „врска“.

bran

Карактеристичната форма започнува од вториот кат во форма на буквата Y, која излегува од двокатен постамент кое е опкружено со плиток базен. Зградата нема столбови и неговата конструкција е составена од централно бетонско јадро опкружено со комплексна мрежа од челични решетки. За развој на конструкцијата се користела технологија за параметарско дизајнирање.

bran1

Фасадата е сјајна и се состои од 13 илјади парчиња алуминиумски плочки. Тој е дизајниран да ја рефлектира светлината на различни начини во текот на денот за да личи на бранувањата на водата. На ефектот на брановите влијаат и рефлексиите на плочките што доаѓаат од водата во базенот околу постаментот.

bran2

Влезот води кон централното бетонско јадро на зградата каде што има темно лоби во кое светлината доаѓа од кровните прозори. Во овој простор доминираат детали од не’рѓосувачки челик и „водени sидови-завеси“ што ги кријат скалите и лифтот. Горе има бања и сала за состаноци, додека на вториот кат се наоѓаат главните галериски простори поврзани со тераси, библиотека и бар. Овој кат е многу живописно украсен: таваните се украсени, подовите се специјално полирани, мебелот е со необичен дизајн со закривување, додека скулптурите се како меурчиња што личат на вода во различни состојби.

bran3

На горниот кат има и големи sидови-завеси со различна големина и даваат брановидна форма на објектот. Тие се високи до осум метри. Ѕидовите завеси се поставени за да се зголеми природната светлина и да им се овозможи на посетителите да имаат поглед кон морето и врска однадвор, создавајќи остар контраст со фоајето на приземјето.

Во рамките на овој проект, покрај зградата на галеријата, има и два павилјона и надворешни простори што ја опкружуваат зградата. Овој простор вклучува места за седење, игралиште за деца и театар на отворено. Еден од павилјони се наоѓа на море и му се приближува патека за да ги охрабри посетителите да седат и да ги слушаат „звуците на природата“.

bran4

Испрати коментар

Scroll To Top