Насловна / Вести / Не стигнала прифатлива понуда за изградбата на зиплајн во Скопје

Не стигнала прифатлива понуда за изградбата на зиплајн во Скопје

Пропадна тендерот на Град Скопје за изградба на зиплајн од тврдината Кале до Градски парк. На јавниот повик за избор на изведувач за проектирање, набавка и изградба на зиплајнот не стигнала ниту една прифатлива понуда, стои на страната на Бирото за јавни набавки, објави порталот Сакам да кажам.
„Ниту една од фирмите не ја поднесе потребната банкарска гаранција. Ќе распишеме нов тендер за избор на изведувач“, велат од кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов.
Градоначалникот Шилегов ја најави изградбата на зипјалнот уште во март лани и требаше да биде готов лани летото. Но, тендерот беше распишан дури годинава во март бидејќи првичниот проект бил погрешен, па морало да се прави нов. Првиот проект не можел да се изведе бидејќи била промашена најважната работа аголот на трасата, кој бил многу стрм и претставувал опасност за функционирањето. Откако ова се установило, на веќе готов проект, се барала нова траса и направен е нов проект.
Адреналинската жичница треба да биде во должина од 400 метри, ќе биде опремена со соодветна безбедносна опрема и систем за кочење со кој ќе се регулира брзината на движењето. Изградбата ќе чини околу 50.000 евра.

зип1

Испрати коментар

Scroll To Top