Насловна / Вести / НАСА распиша конкурс за супер робот вреден милион долари

НАСА распиша конкурс за супер робот вреден милион долари

НАСА работи на формирањето на тим кој ќе го направи роботот Robonaut 5 (R5), кој треба да вклучува серија на опции кои би можеле да ги спасат животите на астронаутите во вселената.

Имено, НАСА реши да распише конкурс под називот Space Robotics Challenge, а наградата за победничкиот тим изнесува еден милион долари.

Во текстот од објавата НАСА ги охрабрува иноваторите да го програмирааат R5 во виртуелен свет со вештини за комуникација, поправки на расипан соларен дел и идентификување и поправки во станицата.robonaut

Претходно НАСА веќе разви сличен ваков робот со помош на хидраулика, но тој работи само во условите на Земјата и не може да ги поднесе ниските температури и немилосрдното окружување на планетите како Марс.

R5 е направен од еластична технологија наместо од хидраулична, што е нов начин на решавање на проблемите при работа во вселената.

На овој проект НАСА започна да работи уште во 1996 година, а експертите веруваат дека новите роботи еден ден би можеле да бидат искористени за првата мисија на Марс.

Испрати коментар

Scroll To Top