Насловна / Вести / НАСА избра фирма од Тексас за развој на инфраструктура на Месечината

НАСА избра фирма од Тексас за развој на инфраструктура на Месечината

Компанијата ICON е позната по изградбата на првата населива 3D печатена куќа во САД во 2018 година, а НАСА сега ја продлабочува својата соработка со оваа компанија на која и додели договор вреден 57,2 милиони долари за развивање на решенија кои „би можеле да помогнат во изградбата на инфраструктура како објекти за живот, улица на лунарната површина и простор за слетување“.

icon1

icon2

 

Со потпишување на низа договори со приватни компании, НАСА се обидува да ги дополни своите долгорочни мисии за истражувања на Месечината во склоп на програмата „Артемис“. Новиот проект е продолжение на напорите на ICON во склоп на договорот за двојна намена, кој делумно го финансираат НАСА и Американските воздухопловни сили. Станува збор за иницијативата Small Business Innovation Research (SBIR) во чии претходни фази целта беше да се прошири можноста за 3D печатени градби кои би се користеле во текот на мисиите во вселената. Новата фаза III, ќе се фокусира на еволуцијата на  ICON – овиот систем Project Olympus, кој има за цел да ги искористи достапните ресурси на површината на Месечината и на Марс како градежен материјал за подолгите мисии. Активностите на ICON во голема мера ќе бидат под надлежност на проектот на НАСА, Mars Planetary Autonomous Construction Technologies (MMPACT) во Центарот за вселенски летови Marshall во Албама. Симулираната околина на Марс наречена Mars Dunel Alpha е направена токму од ICON и ќе се користи за обука на астронаути.

icon3

Една од мисиите нa програмата „Артемис“ е реализација на долготрајни мисии на месечината после речиси 50 години. Првата жена ќе зачекори по површината на Месечината во 2024 година. Втората цел е воспоставување на одржливо човечко присуство на Месечината до 2028 година. Во меѓувреме, НАСА со капсулата „Орион“ изврши прелет над Месечината и достигна рекордна оддалеченост, а нејзиното враќање на Земјата с еочекува на 11-ти декември.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top