Насловна / Вести / NASA и Boeing ќе произведуваат авиони со пониско загадување

NASA и Boeing ќе произведуваат авиони со пониско загадување

Американската вселенска агенција NASA и воздухопловниот гигант Boeing, објавија дека се здружуваат во развојот на комерцијален авион од следната генерација со ниски емисии. NASA ќе инвестира 425 милиони долари во текот на седум години во овој проект, а Boeing и неговите партнери речиси 725 милиони долари. „Целта е да се произведат комерцијални авиони на иднината кои ќе бидат поефикасни во потрошувачката ан гориво и кои ќе имаат бројни предности за животната средина, индустријата на комерцијалното воздухопловство и патниците ширум светот“, рекол шефот на вселенската агенција Bill Nelson. „Ако бидеме успешни, би можеле да ги видиме овие технологии во авионите кои ќе с екористат во следната деценија“, додал тој.

nasaboeing1

Технологиите употребени и тестирани низ оваа програма би можеле да доведат до откритија во аеродинамиката и напредок во економичноста на потрошувачката на гориво, објави Boeing. Според NASA, инженерите ќе с еобидат да развијат авион со 30% пониска потрошувачка на гориво и емисии во споредба со најекономичните авиони денес. Американската вселенска агенција планира да го доврши тестирањето на програмата до крајот на оваа деценија, со цел технологиите и дизајнот да можат да се применат на следната генерација авиони. Boeing и NASA планираат да тестираат и иновативно крило кое создава помал отпор и бара пониска потрошувачка на гориво.

nasaboeing2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top