Насловна / Вести / NASA го одложува испраќањето на луѓе на Месечината

NASA го одложува испраќањето на луѓе на Месечината

Американската вселенска агенција (NASA), ја одложува мисијата „Артемида 3“, со која требало да испрати астронаути на Месечината, за прв пат од крајот на мисијата „Аполо“ во 1972 година, како и мисијата „Артемида 2“, со која леталото со екипаж само би кружело околу Месечината без слетување на површината. „Го прилагодуваме нашиот распоред. Сега „Артемида 2“ ја планираме за септември 2025, наместо првично планираниот термин за крајот на 2024 година. „Артемис 3“ ќе следува во 2026 година. Безбедноста е нашиот прв приоритет“, велат од NASA додавајќи дека на екипите им е потребно повеќе време.

FILE PHOTO: NASA announces the crew of the Artemis II space mission, in Houston

Програмата „Артемида“ има за цел да воспостваи трајно присуство на Месечината, со цел да се подготви патувањето на првиот екипаж на Марс. Програмата е воспоставена во 2022 година со мисијата „Артемида 1“, чие вселенско летало „Орион“ успешно ја заобиколи Месечината. Таа мисија беше без екипаж. Се очекува мисијата „Артемида 2“ да трае десетина дена и да има четири астронаути – тројца Американци и еден Канаѓанец, кои само ќе летаат околу Месечината. Но, пред да тргне таа мисија мора да се решат неколку важни проблеми. Имено, во текот на мисијата „Артемида 1“, слојот кој ја штител капсулата „Ориион“ при враќањето во Земјината атмосфера, се однесувал на „неочекуван начин“, додека платформата која се користела за транспорт на големата SLS ракета „претрпела поголеми штети отколку што се очекувало“.

artemis2

„Артемида 3“, би требало да биде првата мисија која ќе испрати астронаути на површината на Месечината во период подолг од 50 години, но две важни компоненти сеуште не се подготвени – лендерот кој е нарачан од компанијата SpaceX, и вселенските одела чија изработка е доверена на компаниите Axiom Space и Collins Aerospace. Лендерот на компанијата SpaceX треба да биде модифицирана верзија на вселенското летало Starship, исто така развиено од компанијата на Илон Маск. Но, првите два лета на Starship завршија со експлозии во 2023 година.

artemis3

Испрати коментар

Scroll To Top