Насловна / Вести / Наместо 29 метри висока катна гаража, Центар гради монтажна гаража на еден кат во Буњаковец

Наместо 29 метри висока катна гаража, Центар гради монтажна гаража на еден кат во Буњаковец

Наместо кабаста конструкција од 29 метри и гаража на осум ката, како што одлучи претходното раководство и беше зацртано во ДУП-от, сега општина Центар, на истиот простор, гради монтажен јавен паркинг на еден кат.Нова монтажна гаража - Центар (1)

Со ова се надминува стравот на жителите околу Трговскиот центар „Буњаковец “, дека со осумкатна гаража нема да има нормално струење на воздухот. Двојно се зголемуваат паркинг местата од 48 на 104 места и гаражата ќе има површина од 1.850 метри. Сите жители од општина Центар кои имаат паркинг-налепница од ПОЦ, бесплатно ќе можат да ја користат оваа гаража.Нова монтажна гаража - Центар (2)

Од новата монтажна гаража ќе имаат бенефит жителите, но и персоналот и купувачите во Трговскиот центар, бидејќи ќе се надмине хаосот со паркирањето. Во пресрет им се излегува и на граѓаните од соседните згради. Имено, улицата „Владимир Полежановски“ ќе стане еднонасочна, а тесното грло и сообраќајниот хаос ќе се реши со отстранување на паркиранг местата од улицата.Нова монтажна гаража - Центар (4) Нова монтажна гаража - Центар (3) Нова монтажна гаража - Центар (6)

Монтажната гаража се гради од еколошки материјал. Станува збор за челична поцинкувна конструкција, составена од модули.

Испрати коментар

Scroll To Top