Насловна / Вести / Иднината на ветерните турбини кај нас и во светот

Иднината на ветерните турбини кај нас и во светот

Светските лидери, особено од земјите во развој, сè уште тврдат дека е тешко да се намали глобалното затоплување со намалување на штетните емисии, бидејќи јагленот е најисплатливата опција за добивање на енергија. Но, сведоци сме на светскиот тренд на опаѓање на цената на обновливите извори на енергија.

Според последниот извештај на Обединетите нации, повеќе од 286 милијарди долари се ивестирани во ветерна, соларна и други обновливи извори на енергија на растечките пазари на Кина, Индија и Бразил. Со исклучок на големите хидроцентрали, 10,3 проценти од произведената електрична енергија на глобално ниво во 2015 година e од обновливи извори, што е двојно во споредба со 2007 година.energija od veter_2

Од 2009 до 2015 година, на светско ниво, просечниот трошок за ветерните турбини падна за 14 проценти. Овие податоци ветуваат дека намалувањето на емисиите на јаглероден диоксид може да се постигне побрзо и поевтино од она што нашироко се верува.

Ситуацијата во Македонија и регионот

Во Белград, неодамна се одржа меѓународна конференција на тема „Енергетската иднина на Балканот“, како одговор на објавените резултати од истражувањето на Health and Environment Alliance (HEAL), според кое, термокапацитетите на јаглен од Балканот најмногу ја загадуваат Европа, а како последица на ова загадување здравствените системи годишно издвојуваат над осум милијарди евра. На конференцијата беше заклучено дека исполнувањето на еколошките критериуми бара сериозни инвестиции, кои се тешко остварливи за производителите на енергија во регионот.energija od veter_1

Во Македонија, првите ветерни електрани се изградени во периодот 2011 - 2014 година, како дел од ПВЕ „Богданци“. Турбините се производство на „Сименс“ – Данска, а инсталираната моќност на секоја од нив е 2,3 MW. Тие испорачуваат околу 100 GWh природно одржлива енергија и во план се уште неколку ветерни паркови, но засега останува конвенционалната опција како најсигурна, односно дека Македонија сè уште најмногу се потпира на фосилните горива.

Позитивни и негативни страни од користење на ветерна енергија

Позитивните страни се искористувањето на природна енергија, без трошоци за гориво и без загадување на воздухот. Негативните страни ги опфаќаат високите трошоци за изградба и променливоста на брзината на ветрот. Што се однесува до карактеристиките на ветар на одредена локација, тие можат да се предвидат. Европа веќе користи напредни математички и метеоролошки модели со мерни податоци. Освен тоа, секој електоенергетски состав е осмислен да трпи варијабилност, а варијабилноста на составот не значи и недоверливост кон тој извор.energija od veter_4

Пречките за користење на овој вид обновлива енергија се од технолошка, финансиска и политичка природа. Имено, акумулаторите за зачувување на енергијата кога нема ветер сè уште се скапи, но цените паѓаат. Последен пример за појавување на проблем  при максимално користење на извори на обновлива енергија е Германија, кога на 8 мај 2016 година, 95 проценти од потребите од електрична енергија во Германија бea задоволени од обновливи извори на енергија (од кои 36 проценти ветерна енергија).

Ова е големо достигнување, но Германија ќе треба да ја зголеми ефикасноста на технологијата и да најде начин за складрање на енергијата за деновите кои не се толку сончеви и ветровити. Ова останува предизвик за во иднина. Главен проблем се јавува бидејќи електричниот систем на земјата и понатаму е премногу ригиден, па снабдувачите не можат доволно брзо да се адаптираат на состојбата. Според најновите извештаи, Германија планира целосно да премине на обновлива енергија до 2050 година.

„Ветерни турбини“ на иднината

Бидејќи користењето на ветерни турбини не е евтино, научниците постојано работат на создавање нови современи модели на ветерни турбини кои би биле поефективни и поевтини. Минатата година, шпанската старт-ап компанија Vortex Bladeless разви високи ветерници без перки (лопатки). Тие се бели столбови поставени во земја, а изградени да можат да осцилираат во тлото. Наместо лопатки, тие користат посебни магнети со чија помош столбовите се тресат колку што може повеќе без оглед на брзината на ветрот. Нивната вибрација се претвора во струја и таа собрана енергија би била за 40 проценти поевтина од класичните ветерни турбини со лопатки.energija od veter_3

Исто така, ваквиот вид на ветерница е поевтин за изработка бидејќи лопатките се скапи, а воедно и помалку се троши на одржување. Единствен недостаток во споредба со ветерниците со лопатки, е дека произведуваат околу 30 проценти помалку енергија.

Како последен изум при користење на кинетичката енергија е концептот на ветроелектрани предложен од страна на американските научници. Тие сметаат дека структурите што би наликувале на дрвја, направени од електромеханички материјали, се најдобар избор за ветерни турбини. Тие користеле математички модел за да одредат дали може да се произведе постојан извор на енергија од нередовни осцилации, како што е движењето на ветрот.energija od veter

Со употреба на процесот познат како „внатрешна резонанца“, откриле дека е можно вештачкото електромагнетно дрво да вибрира со големи амплитуди под константна ниска фреквенција. Тие ја докажале својата хипотеза и се надеваат дека мала шума од механички дрвја еден ден би можела да обезбеди алтернативен начин на прибирање на кинетичката енергија која се наоѓа насекаде околу нас.

Пишува: Марина Верушеска

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top