Насловна / Архитектура / Најзначајни објекти кои ги отворила Елизабета Втора

Најзначајни објекти кои ги отворила Елизабета Втора

Во текот на седумте децении поминати на тронот, кралицата Елизабета Втора во улога на шеф на државата пресекла бројни ленти, отварајќи јавни згради ширум Велика Британија, Австралија и Нов Зеланд.

Архитектонските стилови драматично се променија со текот на време. Кралицата отворила модернистички згради проектирани од Бејзил Спенс и Фредерик Гиберд, бруталистички структури од Пауел и Мој и Денис Ласдун и високотехнолошки креации на Ричард Роџерс и Норман Фостер, како и поновите современи структури на Hercoga & de Meurona и WilkinsonEyre.

Некои од најзначајните објекти кои официјално ги отворила кралицата Елизабета Втора за време на нејзиното рекордно долго владеење со Обединетото Кралство.

Институтот на Комонвелтот во Лондон – RMJM (1962)

kom

Зградата е проект на Роберт Метју и Стират Џонсон Маршал од бирото RMJM за одржување постојана изложба која ќе ја информира британската јавност за животот во остатокот од Комонвелтот.

Модернистичката бетонска зграда, поставена под хиперболичен парабалоиден кров обложен со бакар, трансформирана е во Музеј на дизајн од страна на ОМА и Џон Посон во 2016 година.

Од Twentieth Century Society, кампања за британско наследство, беа незадоволни од реновирањето, при што надворешноста е зачувана недопрена, но внатрешноста е целосно обновена, тврдејќи дека е изгубено „величенствено повоено ремек-дело“.

Операта во Сиднеј – Jørn Utzon (1973)

sidn

Наводно, милион луѓе присуствувале на официјалното отворање на операта во Сиднеј во 1973 година, каде што кралицата ја опишала значајната зграда како „прекрасно достигнување на инженерството и архитектурата“.

Проектирана од данскиот архитект Jørn Utzon и инженерот Sir Ove Arup, сега култната зграда, завршена е 14 години по почетокот на изградбата и е клучен пример за доцниот модернизам предводен од инженерите.

„Операта во Сиднеј ја освои фантазијата на светот, иако нејзината изградба не помина целосно без проблеми“, истакнала кралицата, а пренесува Dezeen.

Кралскиот национален театар во Лондон – Денис Ласдун (1976)

teatar

Критикуван од актуелниот владетел на Британија, Кралот Чарлс Трети дека изгледа како „нуклеарна централа“, бруталистичкиот Кралски национален театар е проект на англискиот архитект Денис Ласдун.

Оптеретена од проблеми со финансирањето, зградата е официјално отворена 25 години откако кралицата го поставила камен-темелникот на локацијата на јужниот брег во Лондон.

„Тоа е признание за сите оние кои сонуваа за ова, оние кои се расправаа и се бореа за зградата, оние кои ја проектираа и изградија, и оние кои ја основаа и развија неговата позната компанија“, рекла Елизабета Втора на отворањето.

Зградата Лојд во Лондон – Ричард Роџерс (1983)

ll

Во 1986 година, кралицата ја отворила зградата на банкарската групација Лојдс, проект на  неодамна починатиот Ричард Роџерс.

Клучен ран пример за високотехнолошка архитектура, овој радикален додаток на лондонскиот Сити проектиран е со сите системи и лифтови однадвор за да создаде чист простор внатре.

„Зградата е, без сомнение, обележје и во поглед на хоризонтот на градот и во историјата на Лојдс“, рекла кралицата на отворањето.

Терминал на аеродромот Станстед – Foster + Partners (1991)

aero

Проектиран од Foster + Partners со намера да ги предизвика „сите правила за проектирање на аеродромски терминал“, оваа зграда на аеродромот Станстед официјално е отворена од страна на кралицата во 1991 година.

И оваа зградата е еден од најзначајните примери на високотехнолошкиот архитектонски стил, кој првпат се појави во Обединетото Кралство кон крајот на 1970-тите.

„Тоа беше прекрасен момент во мојот живот. Многу напорна работа е вложена во проектот на зградата и да се заврши сето тоа со кралицата беше прекрасна сцена“, изјавил шефот на Foster + Partners, Спенсер де Греј за ВВС.

Tate Modern во Лондон – Herzog & de Meuron (2000)

tate

Во 2000 година, кралицата ја отворила галеријата Tate Modern, проектирана од швајцарското архитектонско биро Herzog & de Meuron, на јужниот брег на реката Темза во Лондон.

Уметничката галерија е проектирана да го завземе местото на поранешната електрана Банксајд, проект на Жил Гилберт Скот, која исто така ја отворила Елизабета Втора, 37 години порано, односно во 1963 година.

Gateshead милениумски мост во Њукасл – WilkinsonEyre (2002)

kasel

Проектиран од архитектонското биро WilkinsonEyre за да ги поврзе Њукасл и Gateshead, мостот има карактеристична форма формирана од два поврзани лака кои ротираат за да им овозможат на чамците да минуваат. Оваа форма е споредена со трепкање на окото.

Мостот е официјално отворен од кралицата во мај 2002 година и ја освои Стирлинг наградата, најпрестижната архитектонска награда во Обединетото Кралство, во октомври истата година.

Велшкиот парламент во Кардиф – RSHP (2006)

kardif

Студиото Ричард Роџерс RSHP, во тоа време Richard Rogers Partnership, избрано е да го проектира Националното собрание на Велс, локално познато како Senedd.

Со обликот на зградата доминира голем кров од челик и дрво кој ја надвиснува стаклената фасада, а архитектите сакале да пренесат чувство на отвореност на велшката јавност.

Посебно внимание е посветено на одржливоста на зградата, со широка употреба на локални материјали, со применетиот систем за греење, котел на биомаса и собирање на дождовницата.

Испрати коментар

Scroll To Top