Насловна / Архитектура / Најубавиот мобилен тоалет во светот направен со помош на 3Д печатење

Најубавиот мобилен тоалет во светот направен со помош на 3Д печатење

Со рециклирање на пластичниот медицински отпад, за само три дена направен е прототип на мобилен тоалет со 3Д печатење, кој нуди одржливо решение за градилиштата и разни привремени населби.

Отфрлениот пластичен медицински отпад од болниците низ Европа стопен е во филамент и со 3Д печатење направена е мобилна тоалетна кабина дизајнирана од шпанското студио Nagami за фондацијата To.org.

2

Преносливиот тоалет наречен The Throne е произведен во текот на три дена и се состои од три дела – тело во форма на солза, двојна закривена лизгачка врата и контејнер за собирање отпад.

3Д печатениот дел е комбиниран со механички елементи како што се метални шини, кои се вметнуваат во рамката додека се печати, за да се формира лизгачката врата.

Од хигиенски причини, самата тоалетна школка не е направена со 3Д печатење, со цел да се избегне таложење на нечистотија и бактерии во жлебовите карактеристични за овој начин на изработка.  Вградена е класична тоалетна школка, хигиенски прифатлива, со мазна завршница.

3

Кабината има природно осветлување, преку отвор на врвот.

Прототипот, кој е тестиран на градилиште на швајцарските Алпи, произведен е од напреден роботски печатач со седум оски во студиото Nagami во Авила. Но, надежта е дека процесот за 3Д печатење сложени структури од рециклирана пластика на крајот ќе биде возможен со користење на полесно достапна, локална технологија.

0

Пластичниот отпад е многу евтин и неисцрпен ресурс. Со оглед на тоа што 91 отсто од досега произведениот пластичен отпад чека да се рециклира, основачот на To.org, Nachson Mimran, вели дека овој лесно достапен материјал може да помогне да се создадат прифатливи санитарии и засолништа тамо каде што се најпотребни.

4

To.org е добротворна фондација која се занимава и со социјално претприемништво, која во 2018 година инсталираше тоалети направени од рециклирани пластични шишиња во сиромашните квартови во Уганда. 3Д печатените мобилни тоалети се еволуција на тој проект.

5

Nagami, инаку специјализирани за 3Д печатен мебел, одлучи да ја спроведе идејата за тоалетот The Throne и да покаже дека 3Д печатењето во големи размери може да понуди многу повеќе од украсни делови и поединечни елементи.

01

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top