Насловна / Арт и дизајн / Најстарото шкотско виски во скулпторско шише на аукција за 650.000 долаи

Најстарото шкотско виски во скулпторско шише на аукција за 650.000 долаи

Оваа прекрасна скулптура содржи виски старо 50 години од една од најстарите шкотски дестилерии, а на аукција може да се продаде за 650.000 долари…

б3

Brora Iris, 50-годишно singl malt виски претставува исклучително уметничко дело од Brora дестилеријата. Шишето претставува амблем на компанијата, око на шкотска дива мачка во неверојатна уметничка изведба и се очекува да се продаде за 650.000 долари на аукцијата во партнерство со Sotheby’s. Не само што е привлечен за око, туку го содржи и најстариот Brora single malt некогаш флаширан. Brora Iris се претставува во декантер од 1,5 литри и е сместен во монолитна камена скулптура.

b1

Шкотската скулпторка и уметница Мишел Де Бруин го користела варовникот од кој е изградена дестилеријата за конструкција на својата скулптура. Ова дело старо пет децении го донирала Diageo, водечката светска дестилерија за шкотско виски, на аукција „The Distillers One of One Charity Auction“. На оној кој ќе понуди најмногу ќе му биде понудена можност да ја посети реставрираната дестилерија со пет гости.

б2

Џони Фол, раководител на одделението за виски во аукциската куќа Sotheby’s, изјави: „Со големо задоволство го претставуваме Brora Iris. Мал број дестилерии во светот предизвикуваат таква величественост и восхит како Brora, а можноста што ја нуди ова уникатно уметничко дело и неверојатно виски прават една од најдобрите понуди на аукцијата. Откако го пробав, можам да кажам дека ова е навистина исклучителен Brora“.

б4

Хавиер Феран, претседател на Diageo, вели: „Среќни сме што можеме да ја поддржиме добротворната организација The Distiller’s Charity со донирање на Brora Iris на претстојната аукција The Distillers One of One. Се радуваме што придонесот на индустријата ќе користи на младите луѓе и заедниците кои добротворната организација ги поддржува низ Шкотска“.

Втората The Distillers One of One Charity Auction ќе се одржи во Hopetoun House, во близина на Единбург, во четврток на 5 октомври 2023 година.

Испрати коментар

Scroll To Top