Насловна / Вести / На повидок гасна интерконекција помеѓу Словенија и Унгарија

На повидок гасна интерконекција помеѓу Словенија и Унгарија

Словенија и Унгарија во октомври ќе потпишат меморандум за изградба на гасоводна врска помеѓу двете земји. Новиот гасовод, со капацитет од 440 милиони кубни метри, ќе овозможи снабдување со природен гас, преку гасоводната врска помеѓу Италија, Словенија и Унгарија. Конечниот договор за изградба би требало да биде потпишан на почетокот на октомври во Будимпешта.  Овој потег доаѓа за неполна година откако се состанале двајцата премиери Голоб и Орбан за да разговараат за прашања од областа ан енергетиката.

gas1

Оваа врска ќе и овозможи првенствено ан Унгарија да се ослободи од зависноста од рускиот гас на среден рок, и да пронајде независен извор преку Италија. Но пред тоа, неопходна е сериозна разбота не само околу попрецизно утврдување на капацитетот, туку и пласманот во европскиот простор, со оглед дека станува збор за проект кофинансиран со средства од европските фондови.  Покрај интерконекторот со Словенија, Унгарија е заинтересирана и за можноста за воспоставување на слични врски и со Хрватска и Романија.

gas2

 

Испрати коментар

Scroll To Top