Насловна / Вести / Најскапо домашно растение – продадено за 20.000 долари

Најскапо домашно растение – продадено за 20.000 долари

Бело прошарано ретко растение, , Rhaphidophora Tetrasperma, скоро е продадено по неверојатна сума преку онлајн аукција.

1_resize

Со леснотија достигна бројка од 19.297 долари и стана најскапото домашно растение некогаш продаден на јавно достапниот продажен сајт, Trade Me. Растението е вариетет на филодендрон, кој по потекло е од тропски шуми. Неговата шара се однесува на бојата на лисјата, која се менува поради мутацијата, и во овој случај создаде навистина редок резултат.

2_resize

Растението има само осум лисја, со деветтиот кој ќе се развие наскоро. Според списокот, секој лист има величенствена боја, а стеблото е добро вкоренето во саксија со дијаметар од 14 сантиметри. Коментирајќи, портпаролката на Trade Me, Мили Силвестер, изјави: „По аукциската војна во финалните минути од продажбата, реткото растение имаше 102.000 прегледи и повеќе од 1.600 набљудувачи, што доволно зборува за тоа колку им е драго на луѓето“.

3_resize

„Домашните растенија станаа вистински хит во изминатите неколку години и видовме значително зголемување на нивните цени. Rhaphidophora Tetrasperma доби вкупно 248 понуди и на крајот отиде во рацете на лице кое потпишува како „meridianlamb“.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top