Насловна / Вести / Најлуксузните авио компании во светот

Најлуксузните авио компании во светот

Удобноста е веројатно клучната работа кога се патува со авион, особено нa летови кои траат по 10 или повеќе часа.  Според порталот luxurycolumnist.com, следните компании пружаат макисмална удобност во воздухот.

Qatar Airways

Компанијата која веќе традиционално се прогласува за најдобра нa светот, мора да се најде на оваа листа. Иако е формирана дури во 1997 година, со огромни инвестиции доаѓаат до позицијата на најдобра авио компанија. Во првата класа нудат раскошни седишта со апртмани, дизајнерски пижами, a la carte мени, и уште многу работи…

Dubai,,Uae,-,November,10,,2015:,Qatar,Airways,Airbus,A380

Singapore Airlines

Основана во 1947 година, оваа компанија е главниот превозник во воздушниот сообраќај во Сингапур. Нуди широк спектар на разни поволности за патниците, со цел да обезбеди удобен лет – двокреветни апартмани со одвоени кревети, и најмодерни телевизори.

firstclass2

Etihad Airways

Овој превозник е еден од официјалните авио превозници во Обединетите Арапски Емирати. Летањето со оваа компанија пружа искуство со пет ѕвездички, од почетокот до крајот. Меѓу останатото, тука е луксузниот првокласен прибор со тоалетни производи од Acqua di Parma. Но, и за економската класа се нуди дел од овој луксуз. Имено, тоа е можно со дополнителната опција Economy Neighbour-Free.

firstclass3

British Airways

Британската национална авио компанија лета од 1974 година. Покрај услугата на попладневен чај, се нудат и одлични сендвичи на традиционален британски начин. Во првата класа се добива и колекција „Елемис“ за нега на кожата и телото од седум парчиња, папучи и тоалетна торбичка. Целосно рамен кревет во првата класа со душек од микровлакна и пена, за спиење како во облаци.

firstclass4

 

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top