Насловна / Архитектура / Најголемата „невидлива“ зграда на светот, која до 2030 година би можела да стане мегахит

Најголемата „невидлива“ зграда на светот, која до 2030 година би можела да стане мегахит

Неправедно занемарената Ал-Ула е дома на древни локалитети, историски споменици и неверојатни природни чуда, а зградата во која с еогледува пустината е само едно од низата ремек дела. Големите стаклени плочи во кои се отсликува околниот пејсаж на Ал-Ула во саудискиот регион Медина, даваат привид за надреално и го тераат набљудувачот да се запраша дали станува збор за фатаморгана. Но, за таквата слика не е крива пустинската жештина, туку станува збор за зграда која е запишана во „Гинисовата книга на рекорди“, како најголемата зграда од огледала на светот, која има површина од 9740 квадратни метри.

maraya1

maraya3

maraya4

Зградата на повеќенаменската концертна сала Maraya, од огледално стакло, е осмислена на тој начин што ја отсликува и ја истакнува убавината на пустината, а нејзиното име на арапски значи „огледало“. Целта на властите е до 2030 година да привлечат значителен број туристи, а секако оваа зграда е еден од адутите. Зградата е дело на миланската компанија Gio Forma. Досега објкетот е користен за снимање на филмови и реклами на популарни брендови како Rolls-Royce и Cartier.

maraya5

maraya6

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top