Насловна / Вести / Најголемата „летечка лабораторија“ на светот го заврши својот последен лет

Најголемата „летечка лабораторија“ на светот го заврши својот последен лет

Откако минал во служба подолго од три децении и извршил 158 научни мисии, авионот DC -8 DC-8 Airborne Science Laboratory, односно „летечката лабораторија“ на американската вселенска агенција NASA, заминува во историјата. На 15-ти мај слетал во Ајдахо и така го завршил својот последен лет. Сега ќе има нова улога, во Aircraft Maintenance Technology програмата на Државниот Универзитет во Ајдахо.

Овозможувајќи им на научниците да ги истражат клучните прашања за нашата планета, Airborne Science програмата на NASA и DC-8 дале значаен придонес во оваа област. NASA го означи високо модифицираниот млазен авион Douglas DC -8 како софистицирана научна летечка лабораторија со база во центарорт „Армстронг“ за истражување на летањето. Авионот бил клучен алат за собирање на податоци потребни за поддршка на широк спектар на научни проекти. DC-8 дал придонес во различни полиња како археологија, екологија, географија, хидрологија, метеорологија, океанографија, вулканографија, хемијата на атмосферата, науката за криосферата, науката за тлото и биологија.

Испрати коментар

Scroll To Top