Насловна / Вести / Најголемата хидроелектрана во Африка пуштена во погон со полн капацитет

Најголемата хидроелектрана во Африка пуштена во погон со полн капацитет

Етиопија ги пушти во работа сите 13 турбини на најголемата хидроелектрана во Африка чиј полн капацитет е 5.500MW. Станува збор за хидроелектрана на Синиот Нил, која веќе обезбедува електрична енергија за милиони луѓе. Но, земјите кои се наоѓаат низводно од браната, првенствено Египет и Судан, стравуваат дека ќе имаат проблеми со водоснабдувањето.

Изградбата на т.н „Голема брана на етипоската ренесанса“ (Grand Ethiopian Renaissance Dam – GERD) започнала во 2011 година. Браната е долга 1,78 километри, висока 145 метри и изградена е од 11 милиони кубни метри бетон. Акумулацијата потопила огромно подрачје, а владата тврди дека таа ќе обезбеди стабилно снабдување со вода за наводнување низводно и дека ќе помогне во контролата на временските непогоди како поплави и суши. Првата турбина е пуштена во 2022 година, потоа сукцесивно се пуштани во погон и другите турбоагрегати, додека од неодамна во функција се ставени сите 13 турбини.

Оваа мегаградба е најголема по енергетскиот капацитет во Aфрика и меѓу 20-те најголеми хидроелектрани во светот. Изградбата чинела 5 милијарди долари, при што државата обезбедила 91% од средствата, а остатокот е обезбеден од страна на граѓаните кои купувале обврзници и донирале пари.

Испрати коментар

Scroll To Top