Насловна / Арт и дизајн / Најелегантниот домашен велосипед виден досега

Најелегантниот домашен велосипед виден досега

Возењето велосипед во затворени простории е една од најпопуларните форми на домашен фитнес.

Меѓутоа, ако немате просторија проектирана како теретана, тренажниот велосипед дефинитивно ќе го наруши вашиот план за дизајн и декорација. Но, сега на сцената доаѓа модел кој е дизајниран со форма и функција на ум. Во партнерство со Adriano Design, италијанскиот бренд Elite го креирал Fuoripista  – интерактивен домашен велосипед, кој дава впечаток на врвно парче мебел или скулптура.

8_resize

1_resize

Направен од префинети материјали, како што се дрво јасен, појачано стакло, алуминиум, челик и кожа, секој велосипед Fuoripista е рачно изработен за да нè потсеќа на современо уметничко дело, повеќе од парче опрема за вежбање. Сепак, не е наменет само за изложување, бидејќи ќе ви даде можност да ја подигнете вашата форма на целосно ново ниво. Велосипедот има голем број функционални карактеристики и напредна технолошка опрема.

3_resize

9_resize

Fuoripista може да ги следи вашите перформанси, да ви даде можност да се поврзете со цела заедница вежбачи и многу повеќе. Покрај тоа, тој може да биде поврзан со софтверот My E-Training или која било друга велосипедска платформа, така што слободно може да се каже дека дефинитивно не ја жртвувал својата функционалност заради естетска привлечност.

2_resize

4_resize

6_resize

7_resize

5_resize

Испрати коментар

Scroll To Top