Насловна / Арт и дизајн / „Најдрагиот Пинокио“ во Скопје во Чифте амам

„Најдрагиот Пинокио“ во Скопје во Чифте амам

Во галеријата Чифте амам, вчера беше отворена изложбата „Најдрагиот Пинокио“(Carissimo Pinocchio), која пред македонската јавност претставува 60 атрактивни дизајнерски проекти.

18

Со оваа изложба амбасадата на Италија во Скопје и ИТА Скопје во соработка со Националната галерија на Република Северна Македонија го прославија Денот на италијанскиот дизајн 2024 година.

12

Изложбата е по повод 140-годишнината од првото издание на книгата „Авантурите на Пинокио – Приказна за куклата“ од Карло Колоди, најпреведуваната италијанска книга во светот. Во соработка со Италијанската амбасада, изложбата на Музејот за дизајн ADI од Милано, пред македонската публика го претставува дизајнерскиот проект „Најдрагиот Пинокио, италијанските дизајнери и графички дизајнери ја редизајнираат најпознатата кукла на светот“, курирана од Џулио Јакети.

16

Срцето на „Carisimo Pinocchio“ се 60 дизајн проекти од 30 дизајнери и 30 графички дизајнер, специјално создадени за изложбата.

Станува збор за инклузивна изложба, погодна и за деца и за возрасни, полна со изненадувања, способна да предизвика насмевка и во исто време да ве натера да размислувате. Поставката може да се погледне во наредните две недели, до 28. март 2024.

0 1 2 3 4 6 7 8 9 10 11 14 17 20 19

Фото: КИРО ПОПОВ

Испрати коментар

Scroll To Top