Насловна / Арт и дизајн / Најдолгата резба во светот

Најдолгата резба во светот

najgolema rezba vo svetot_9
Во Гинисовата книга на рекорди се најде најголемата и воедно најимпозантната резба од дрво на светот која некогаш е направена. Нејзиниот автор е познатиот кинески уметник и резбар Женг Чунхуи, на кој му биле потребни цели четири години за да го заврши своето дело издлабено во дрво, во кое тој ја претставил „историјата на Кина“.najgolema rezba vo svetot_8 najgolema rezba vo svetot_6

Се започнало со едноставно стебло…

Резбата е долга нешто повеќе од 12 метри, висока три и широка околу два и пол метри, а го прикажува „Животот на луѓето покрај реката за време на фестивалот Кингминг“.najgolema rezba vo svetot_5 najgolema rezba vo svetot_2

Резбата се базира на познатото кинеско сликарство, а оригиналното уметничко дела е создадено пред повеќе од 1000 години, односно мотивите што се најдоа на оваа скулптура се од истоимената слика од 12. век на Женг Зедуан.

Испрати коментар

Scroll To Top