Насловна / Архитектура / Наградите Цивик Траст за 2021 година

Наградите Цивик Траст за 2021 година

На 5 март беа прогласени овогодишните добитници на наградите Цивик Траст (Civic Trust Awards), ААБЦ наградите за конзервација (AABC Conservation Awards) и Селвин Голдсмит наградите за универзален дизајн (Selwyn Goldsmith Awards for Universal Design).  По прв пат во 62-годишната историја на Цивик Траст наградите прогласувањето на победниците, поради пандемијата, беше објавено преку онлајн видеопрезентација на Јутјуб каналот.

Marmalade Lane Cohousing project by Mole Architects

Според претседателот на националното жири, архитектот и урбанистичкиот дизајнер Кит Р. Вилијамс (Keith R. Williams), кој веќе шеста година по ред ја обавува оваа функција, жирито било пријатно изненадено дека и покрај пандемијата биле пријавени 161 дела од кои 100 биле препратени на регионалните жирија. Покрај делата пријавени од Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, биле пријавени и дела од Република Ирска, Канада, Папуа Нова Гвинеја, Данска, Кина, Кореја, Австралија и САД. По обавените жирирања на регионално и на национално ниво биле доделени 4 специјални награди, 24 Цивик Траст награди и 16 високи признанија. Две награди и четири високи признанија биле доделени во рамките на ААБЦ наградите за конзервација. Исто така биле доделени и две награди и две високи признанија во рамките на Селвин Голдсмит наградите за универзален дизајн.  За жал, годинава жирито не било во можност да ја додели Про терм наградата за времени објекти и конструкции (Pro-Term Award for temporary buildings and structures).  Во рамките на овој текст претставени се добитниците на 4-те специјални награди.

Абердин уметничката галерија во Абердин, Шкотска (Aberdeen Art Gallery, Aberdeen, Scotland), добитник на специјалната награда на националното

жири (National Panel Special Award) за најистакнато дело за членовите на жирито

Архитект: Хоскинс Архитектс (Hoskins Architects)

a2_resize

Абердин уметничката галерија е заштитен објект од градителско наследство од највисоката А-категорија во Шкотска, кој во изминатите 130 години бил дом на една од најдобрите уметнички колекции во Обединетото Кралство со дела на значајни уметници и дизајнери како од Шкотска, така и од странство.

Работата на овој проект започнала во 2009 година кога Советот на градот Абердин (Aberdeen City Council) се одлучил да ја трансформира постојната галерија во меѓународна атракција и за таа цел распишал национален конкурс. Хоскинс Архитектс победиле со решение кое овозможило да се прошири програмата на активности, да се зголеми бројот на галерии од 11 на 19, како и да се реновираат и ремоделираат дел од салите. Дополнително, меѓу другото биле создадени и нови образовни простори, била подобрена ориентацијата, пристапноста и комуникацијата во рамките на објектот, но и во голема мерка бил подобрен и службениот дел на објектот.  Исто така била подобрена и надворешната пристапност околу објектот.

a1_resize

Реализацијата на проектот била кулминација на една деценија долг процес на интензивна, креативна соработка на учесниците во проектот, од која произлегле  две определби: за внимателни поправки и за смели доградби. Спроведувањето на првата стратегија овизможило не само да се создаде хиерархија помеѓу галериите, туку и да се воспостави јасна секвенца на комуникации помеѓу нив.

a6_resize

Селективното уривање делови на објектот овозможило да се создаде значително подобар службен дел и образовни содржини во подредените дополнителни простори.  Како најдраматична, се смета интервенцијата на кровот, каде оригиналниот дотраен кров били заменет со нова скулптурална делумна надградба со елементи обложени со бакар коишто создале контраст со гранитните фасади на објектот. Ваквиот пристап овозможил создавање на дополнителни 3 галерии во рамките на оваа кровна доградба.

a4_resize

a5_resize

Жирото истакна: „Очигледно е дека длабоко биле почувствувано разбирањето за значењето на објектот и, онаму каде што промените биле неопходни, решенијата во целост биле во сообразност со квалитетите на оригиналниот објект. Целосен триумф. Ова е пример на проект којшто демонстрира како уморна и не многу успешна јавна галерија за уметности може да се врати во живот како придобивка на целиот град.“

a7_resize

a8_resize

Станбениот комплекс Мармалејд Лејн во Кембриџ (Marmalade Lane, Cambridge), добитник на специјалната наградата за одржливост (Special Award for Sustainability)

Архитект: Моле Архитектс (Mole Architects)

m0_resize

Мармалејд Лејн е одржлив станбен комплекс во Кембриџ составен од станови и куќи со заеднички содржини. Иако сите станбени единици биле продадени врз основа на проектот, самиот процес на проектирање бил збогатен преку работилници со идните жители при што ним им била дадена можност да ги приспособат купените станови и куќи на своите потреби преку избор на станбената единица, избор на внатрешниот распоред на истата, бојата на фасадната тула, како и избор на кујната и бањата коишто ќе се вградат.

m4_resize

Како резултат на ова била создадена повеќегенерациска заедница со широк дијапазон на жители на возраст од 0 до 80 години, пристап којшто промовира социјална интеракција, меѓусебно поддржување, но и споделување на секојдневното раководење со комплексот.  Во рамките на истиот сместена е и заедничка куќа каде жителите на комплексот може да се собираат и социјализираат, да готват и јадат, како и да ги исползуваат придобивките од големата заедничка градина, просторите наменети за управување на дождовницата за да се намали ризикот од поројни поплави, површините наменети за одгледување прехранбени производи, притоа користејќи ги придобивките на зачуваните постоечки дрвја и џбунови.

m1_resize

Самите објекти се изградени со носива скелетна конструкција од напречно-ламинирано дрво во комбинација со затворени дрвени панели со одлични термоизолациони својства во комбинација со систем за механичка вентилација со изменувач на топлина и систем на греење базиран на обновливи извори на енергија преку инвертори на воздух. Вградените системи за оджливост во рамките на комплексот претставуваат поттик за жителите да ја намалат својата лична потрошувачка, да рециклираат повеќе, да ја намалат употребата на автомобили и повеќе да ги споделуваат расположливите ресурси.

m2_resize

Станува збор за станбен комплекс во кој се втемелени принципите на одржлив развој преку процесот на интеграција на социјалните, економските и на определбите за животната средина.

За жирито, „Мармалејд Лејн проектот е вистински претставник на оваа авангарда, која јасно го прифаќа напредниот пристап на размислување со целосно електрично греење и топла вода, скелетна конструкција од напречно ламинирано дрво, со панели од дрво, поткрепена од пристапот ’првин луѓето’ со поддршка за користењето возила, но минимизирана и максимирани комунални/ споделени зони и аспекти. Како резултат на ова, овој проект се истакна преку демонстрирањето дека станбените комплекси не треба да бидат ексклузивни за да бидат нискојагленородни и инклузивни, и дека добриот дизајн може лесно да го поддржи ова. Овој комплекс служи како вистински пример и нуди одличен увид во тоа како станбените комплекси може да му помогнат на Обединетото Кралство во неговата транзиција кон нето нула (јагленородна) иднина.

Marmalade Lane Cohousing project by Mole Architects

Marmalade Lane Cohousing project by Mole Architects

Marmalade Lane Cohousing project by Mole Architects

 

Училиштето за храна во Хакни, Лондон (Hackney School of Food, Hackney, Greater London), добитник на специјалната награда за позитивно влијание врз локалната заедница и вклученост (Special Award for Community Impact and Engagement)

Архитект: Сурман Вестон (Surman Weston)

Hackney School of Food by Surman Weston. Copyright Jim Stephenson 2020

Училиштето за храна се наоѓа на бившата локација на куќата на домарот на училиштето, во дворот на овој бивш објект и помалку употребуваниот дел на дворот на училиштето, и претставува партнерство помеѓу добротворната организација „Готвачи во училиштата“ (Chefs for Schools) и Основното училиште „Мандевил“ (Mandeville Primary School) посветено на подобрување на лошото здравје на децата, неисхранетоста и дебелината.

Hackney School of Food by Surman Weston. Copyright Jim Stephenson 2020

Во 2018 година Сурман Вестон биле ангажирани да му помогнат на партнерството околу нивната визија за создавање центар за едукација во доменот на исхраната.  Ограничениот буџет наложил да се создаде едноставно, робусно и весело решение фокусирано околу образовната кујна лоцирана во реконструираната бивша куќа на домарот на училиштето.  Во рамките на оваа интервенција бил „изваден“ првиот кат на објектот преку што се оформил светол и волуменозен простор со двојна висина и отворен план, а со цел да се збогати образовното искуство.

h1_resize

Како резултат на ова, образовната кујна е функционална и пристапна, примамлива за користење, а што е поткрепено и преку работни површини и мијалници коишто може да се подесат по висина, и подвижни елементи под работните површини коишто овозможуваат и лесна пристапност за корисниците во инвалидски колички. Кујната овозможува пристап на цел клас од 30 ученици и тоа на возраст од пет години па сè до возрасни лица.  Монотоната улица на која излегува објектот е заживеана преку муралот на калканскиот ѕид на објектот од познатиот илустратор Жан Жулијен (Jean Jullien), додека избраната дрвена „полно-празно“ капија овозможува визуелна комуникација помеѓу објектот и улицата, но служи и како влез во дворот на училиштето.

Hackney School of Food by Surman Weston. Copyright Jim Stephenson 2020

Во рамките на проектот градината зазема централно место со оглед дека им овозможува на учениците да одгледуваат свои прехранбени производи, обезбедува надворешни образовни простори кои надвор од работното време на училиштето се користат како собирна точка за локалната заедница која може да ја користи надворешната фурна за пици.  Се разбира ова овозможува и целокупната настава да се одвива надвор преку интерактивен пристап.  Дополнително, пошироката градина ја поддржува работата на оваа кујна преку можностите за одгледување прехранбени продукти во текот на годината и истата вклучува овоштарник, кошници за пчели, алеи за одгледување зеленчук и простори  за игра.

Hackney School of Food by Surman Weston. Copyright Jim Stephenson 2020

Завршувањето на проектот во екот на пандемијата на Ковид-19 претставувало исклучителен предизвик, но овозможило не само волонтери да подготват и достават илјадници оброци на повредливите лица во рамките на локалната заедница, туку и овозможило можности за социјално дистанцирани средби и социјализација на отворено во склад со пандемиските правила и ограничувања.

За жирито, ова е „Навистина обмислен проект којшто го максимира секој ресурс којшто го има, со така мал буџет. Овој проект ја вградува заедницата и граѓанското општество. Ова е многу импресивна иницијатива од училиште, која има голем успех во заедницата.

Hackney School of Food by Surman Weston. Copyright Jim Stephenson 2020

Hackney School of Food by Surman Weston. Copyright Jim Stephenson 2020

Концертниот центар Оглсби во Манчестер (The Oglesby Centre, Manchester), добитник на специјалната награда Мајкл Мидлтон (Michael Middleton Special Award) за исклучителен проект за обнова или нов објект во зона на заштитено градителско наследство

Архитект: стевенсон СТУДИО (stephenson STUDIO)

01_resize

Концертниот центар Огслби претставува современа доградба на заштитениот објект од втора категорија, бившата Сант Питер црква (St. Peter’s Church) во квартот Анкоатс (Ancoats) во Манчестер познат по своето богато индустриско наследство. Овој проект претставува кулминација и завршница на обновата на соседството и обезбедува кафетерија, простори за проби, претстави, образование и помошни простори за потребите на Хале оркестарот и хорот (Hallé Orchestra and Choir), а преку што е овозможено проширување на понудата и на образовниот опсег на организацијата во рамките на училиштата и пошироко.

o2_resize

Доградбата е осмислена како своевидна модернистичка метафора на постојниот заштитен објект на културно наследство преку примена на класичните пропорции во димензионирањето на објектот. Доградбата се доживува како да е изрезбарена и издлабена од солидната форма, пристап кој овозможува максимален достап на природна светлина во рамките на објектот, но исто така создава и визуелна врска со плоштадот. Објектот е организаран на три новоа вкучително со простори со мешовита намена, сала за проби на првиот кат и флексибилни и акустички изолирани простори по должината на комуникационите рути во рамките на објектот.

Building: The Halle Location: Ancoats, Manchester Architect: Stephenson Studio

Образовните простори, канцелариите и помошните простори се сместени во подрумот на објектот и природно се осветлени преку натсветлата коишто се интегрирани во површината на тротоарот. Главниот влез води во скулптуралниот атриум кој опфаќа три нивоа карактеризирани со контрастот помеѓу ѕидовите од тула и белите скали коишто се качуваат кон застаклениот кров, а преку кој се нудат погледи кон камбанаријата на бившата црква. Новиот влез во основата на кулата којшто овозможува поглед во постојниот објект е нагласен преку опшивката од црно железо на која е запишана специјално нарачаната поема од лауреатот, поетот, Сајмон Армитиџ (Poet Laurette Simon Armitage).

Building: The Halle Location: Ancoats, Manchester Architect: Stephenson Studio

Првиот кат е организиран по должината на примарниот коридор кој завршува со стаклен екран и поглед кон опкружувањето на објектот, додека просториите за проби се испроектирани како соба во соба, односно коцка во коцка, за да се овозможи најдобра можна заштита од бука во овие простори. Внатрешната акустика на главниот простор за проби е поддржана од високо поставени панели од гипс и „перки“ од дабово дрво во комбинација се тешки акустични завеси за постигнување најдобра можна акустика во овие простори.

o3_resize

Малата палета на избрани градежни материјали е поткрепена со рачно изработените тули во контраст со вдлабнатиот темносив малтер. Главниот простор за проби надворешно е изразен преку метална кутија со „перки“ која полека патинира и која по својот изглед искажува историска референца со цистерните за вода коишто се одбележување на родното место на индустриската револуција, додека вертикалното и хоризонталното носиво застаклување ја поврзува доградбата со постојниот објект и дозволува пристап на природното осветлување. Дополнително, вклученоста на заедницата од најраните фази на проектирање се смета како еден од клучните аспекти за успешноста на објектот.

Building: The HalleLocation: Ancoats, ManchesterArchitect: Stephenson Studio

За жирито, овој објект претставува „Висококвалитетна современа доградба на Сент Питер црквата од втора категорија, која има силен граѓански придонес преку својата форма, архитектура и преку распоредот на просторите и услугите.

Building: The Halle Location: Ancoats, Manchester Architect: Stephenson Studio

Согледувајќи ги овогодишните добитници на специјалните награди несомнена е определбата за промовирање на одржливоста, или преку изградба на егземпларни нови комплекси по угледот на Мрамалејд Лејн, или пак преку давање нов живот на три постојни објекти со што индиректно се промовира и верувањето дека „најодржливи се веќе изградените објекти“. При ова несомнена е не само умешноста на авторите на проектите туку и вклученоста и придонесот на локалната заедница во реализацијата на овие исклучителни проекти.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top