Насловна / Вести / Санација на мостови на државен пат „А2 делница“ Гостивар – Колари во изведба на ИНВЕСТ А

Санација на мостови на државен пат „А2 делница“ Гостивар – Колари во изведба на ИНВЕСТ А

Инвест А Скопје, основана е во 2001 година како фирма членка на групацијата АДИНГ, со работен фокус на специфични градежни изведби и решенија, меѓу кои спаѓа и санацијата на мостови. Токму еден од специфичните реализирани проекти е санација на делницата Гостивар – Колари на магистралниот патен правец Гостивар – Кичево, каде Инвест А има санирано три моста: Сретков дол, Висјак дол и Тајмиште. Најзначаен на ова делница е мост бр.3 Сретков дол, во непосредна близина на превојот Стража. Мостот е изведен 1967 година во делумно преодна и кружна кривина со радиус од 700 m од армиран и масивен бетон, при што горниот строј преставува континуирана армирано-бетонска греда со вкупна должина од 90 m и висина на средните столбови од 26 m.

Од денот на изградба ова е прва сеопфатна санација на мостот и извршена е во период од јули 2018 до мај 2019 година, во три фази: санација на долен и горен строј на мостот и зајакнување на потпорни и обални ѕидови.

Најголем предизвик претставува краткиот рок на изведба, во комбинација со непредвидливите временски услови во есенски и зимски период поради големата надморска височина, како и овозможување на пристап до долниот строј на објектот поради стрмен терен и голема висина на столбовите. За потребите на репарација и заштита на бетонските површини на столбовите, подолжни и попречни носачи, како и АБ плоча од долната страна монтирано е над 11.000 m3 скеле со платформа во две нивоа под цела површина на мостот.

___________ _______ ___ 01_resize

Санацијата на долниот строј и зајакнување на обални и потпорни ѕидови се изведуваше спoред „Адинг системите и технологии за санација и заштита на армирано-бетонските конструкции, во согласност со европскиот стандард EN 1504“. По завршеното штемање на оштетените делови, пескарење и заштита на арматурата, пристапено е кон санација на оштетувањата со Репаратур малтер Ф2 и Ф4, инјектирање на конструктивни пукнатини со епоксидна смола Адингпокс И и антикорозивна заштита на сите санирани површини со Антикорозин ББ.

___________ _______ ___ 02_resize

___________ _______ ___ 03_resize

___________ _______ ___ 04_resize

___________ _______ ___ 05_resize

Горниот, коловозен строј е работен во два дела, под непрекинат сообраќај со воведување на времен режим регулиран со вертикална и хирозонтална сигнализација и семафори. По симнувањето на постоечкиот асфалт до носечка АБ коловозна плоча пристапено е кон зајакнување на истата со анкерисување, армирање и изведба на новопроектирана АБ плоча заедно со изведба на нови парaпетни греди и тротари. По потребниот период за негување на бетонот, изведена е битуменска хидроизолација и еластомерни гумени дилатациони спојници.

___________ _______ ___ 06_resize

Комерцијален текст

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top