Насловна / Архитектура / Студио Koen van der Broek

Студио Koen van der Broek

Studio Koen van der Broek(2)
Работата на белгискиот сликар Koen van den Broek се базира на изработка на полароидни слики преку кои се документирани неговите патувања низ Америка. Како резултат на тоа, проектот за неговото студио, дизајниран од архитектите Tijl Vanmeirhaeghe и Carl Bourgeois е конципиран како архитектонска прошетка низ различни „универзуми“.
Studio Koen van der Broek(1)
Високото и издолжено ателје, пристапно и со автомобил, го дефинира централниот дел на студиото од кое преку 6 предимензионирани, доминантни дрвени врати е обезбеден пристап до дистинктивни ателјеа за работа.
Studio Koen van der Broek(3)
Прошетката продолжува низ палмова градина, како место за бегство од работата и простор за релаксација.
Studio Koen van der Broek(6)
Потоа следи главното ателје на уметникот, конципирано како бела коцка со зенитално осветлување, кое симулира музејска атмосфера во просторот.
Studio Koen van der Broek(4) Studio Koen van der Broek(7)
Следната секвенца ја дефинира бела, комфорна канцеларија ориентирана кон пацио во обвивка од огледала, која ги рефлектира 25те засадени јаворови дрвја интерпретирајќи шумско пространство.
Studio Koen van der Broek(8)

Studio Koen van der Broek(9)
Пациото ја води трасата кон оставата и „црната“ библиотека, завиена во ѕидни панели од брезова кора кои симболизираат како заштитна обвивка на уметничките дела.
Studio Koen van der Broek(5)
Архитектонското патување завршува со резиденцијата на артистот, каде пристапот е исто така овозможен и од уличниот фронт.
Studio Koen van der Broek(11) Studio Koen van der Broek(10) Tile House (9)

Испрати коментар

Scroll To Top