Насловна / Вести / На Тајван почеток на изградба на асиметричен мост со еден пилон

На Тајван почеток на изградба на асиметричен мост со еден пилон

На северот на Тајван удрен е камел темелник за градба на најдолгиот асиметричен мост со затеги и еден пилон на светот. Мостот е проектиран со цел да има минимален визуелен ефект и ќе се простира на околу 914 метри, преку устието на реката Tamsui и ќе ги поврзе четвртите Bali и Tamsui во New Taipei City.

1
„Danjiang Bridge“ ќе го олесни пристапот помеѓу Taipei и Taoyuan меѓународниот аеродром и ќе помогне да се намали сообраќајот во тоа подрачје за околу 30 проценти.
Мостот ќе го карактеризира еден пилон кој има за цел да го минимизира влијанието на речното корито со цел за заштита на екосистемот и природниот резерват на устието, додека целата конструкција ќе биде подржана од еден бетонски столб висок 200 метри.

2
Мостот е проект на бирото Zaha Hadid Architects, кој проект победил на меѓународен конкурс одржан 2015 година. Мостот вклучува траки за возила со повеќе патници, моторни возила, скутери, велосипеди и пешаци. По должина на мостот ќе бидат поставени паркинзи за точаци и клупи.

5
Устието е многу популарно место во градот, собира голем број луѓе кои доаѓаат да го гледаат зајдисонцето над тајванскиот мореуз. Поради тоа било неопходно да се минимизира визуелниот ефект на мостот и тој нема да му пречи на погледот од популарниот видиковец долж брегот на реката. Мостот е проектиран и да се минизира влијанието на животната средина, но и да се прилагоди на потенцијалната идна експанзија на Danhai Light Rail мрежата преку реката Tamsui.

4
Во план е „Danjiang Bridge“ да биде изграден за 68 месеци со буџет од 405,2 милиони долари.

3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top