Насловна / Вести / До 2050 година во морињата ќе има повеќе пластика од риба

До 2050 година во морињата ќе има повеќе пластика од риба

Според податоците од Обединетите нации 30 отсто од рибата е отруена од пластика, а до 2050 година во морињата ќе има повеќе пластика отколку риба.

Пластичните ќеси се произведуваат од полиетилен, нафтен дериват за чие разградување е потребно дури илјада години, а отровните хемикалии притоа стигнуваат до дното на езерата, реките и морињата.

plastika

Според проценките на на американскиот Завод за заштита на околината, светската потрошувачка на пластични ќеси има достигнато до 1.000 милијарди парчиња на годишно ниво. Меѓутоа, поради високите трошоци само еден отсто од нив се рециклира, односно поскапо е пластичната ќеса да се рециклира отколку да се изработи нова. Поради тоа природата го плаќа најскапиот данок затоа што останатите 99 отсто од пластичните ќеси завршуваат во морињата, реките и езерата, а ветерот ги разнесува до копно.

Има безброј документирани случаи во кои животните наместо храна имаат изедено пластична ќеса, а потоа умирале со болки.

Повеќе од десетина илјади китови, птици, фоки и желки секоја година умираат поради пластичните ќеси во морињата. Со распаѓањето на нивните тела пластиката повторно се враќа во природата и циклусот може да се повторува стотина години.

Поради опасноста, многу земји во светот, пластичните ќеси ги забрануваат или воведуваат данок за нивна употреба.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top