Насловна / Вести / На клучниот океански систем кој ја одржува температурната рамнотежа, му се заканува колапс

На клучниот океански систем кој ја одржува температурната рамнотежа, му се заканува колапс

Светските научници предупредуваат дека виталниот систем на океански струи би можел да колабира во годините кои следуваат, доколку светот продолжи со загадувањето кое ја загрева Планетата. Според нивните прогнози, тоа би донело катастрофални последици и би влијаело на секоја индивидуа на Земјата. Најновата студија во часописот Nature, открива дека Атланската меридијанска промена на струите – чиј дел е Голфската струја, би можела да колабира кон средината на векот или можеби уште во 2025 година.

amoc1

Атланската меридијанска промена на струите (AMOC) е сложен сплет ан струи кој работи како џиновска глобална подвижна лента. Ја пренесува топлата вода од трпските краишта кон северниот Атлантик, каде што водата се лади, станува посолена и тоне длабоко во океанот пред да се шири кон југот. Научниците кои не биле вклучени во оваа студија рекле дека преломната точка за критичниот систем е неизвесна и дека мерењата ан струите досега покажале дека мала промена. Сепак, тие се сложиле дека овие резултати се алармантни и даваат нови докази дека до пресврт може да дојде порано отколку што се мислело.

amoc2

Инаку, тој сплет на промени на струите игра клучна улога во климатскиот систем, помагајќи во регулирање на глобалните временски образци. Нивниот колапс би имал огромни импликации, вклучувајќи многу поекстремни зими и пораст на нивоата на морињата, што би влијаело на делови од Европа и САД, како и поместување на монсуните во тропските краишта. Извештајот на Меѓувладиниот панел за климатски промени на ОН од 2019 година предвидува дека AMOC ќе ослабне во текот на овој век, но дека малку е веројатен негов целосен колапс пред 2100 година.

 

Испрати коментар

Scroll To Top