Насловна / Архитектура / На 19. октомври SHARE Skopje 2021

На 19. октомври SHARE Skopje 2021

Се ближи четвртото издание на Меѓународниот форум за архитектура и инженерство SHARE Skopje 2021.

Настанот ќе се одржи на 19. октомври во хотелот Hilton Double Tree во Скопје. SHARE Skopje 2021 е организиран од ABplus events и PRO EVENT Association во партнерство со Асоцијацијата на архитекти на Македонија – ААМ.

За присутво на SHARE Skopje 2021 можете да се регистрирате ТУКА.

1

Тематика на настанот: напредно проектирање на објекти и иновативни архитектонски технологии.

SHARE Skopje е покана за средба со иноватори и влијателни лица во архитектурата и градежните технологии. Ги обединува националните и меѓународни реномирани архитекти во еднодневна динамична програма.

Програмата на SHARE Skopje вклучува:

-Одлични меѓународни говорници на сцената  на SHARE Skopje 2021:

Gökhan Avcıoğlu, архитект од Турција, основач на бирото GAD Architecture е специјален гостин. Проектант на деловни, станбени објекти, јавни простори во Истанбул, Бодрум, Њу Џерси, Вашингтон. Добитник на повеќе архитектонски награди. Познат е и по публицистичка дејност во Wallpaper, Surface, City Magazine, NY Times, The New York Post, Architectural Digest, Architectural Record и др. Исто така раководи и со студиа и семинари на Ecole Speciale d’Architecture во Париз, Yildiz Technical University и Техничкиот универзитет во Истанбул.

2

g

Mariano Efron е партнер во престижното Architecture-Studio, основано во Париз во 1973 година. Студиото за архитектура се развивало низ годините и има канцеларии во Париз и Шангај. Денес, студиото е составено од 150 архитекти, урбанисти, проектанти на пејзажи и ентериер од 25 различни националности.

mm

8

Christos Christodoulou, работел како проектант во Велика Британија, Шкотска, Русија, Германија, Естонија, Грција и Литванија. Од 2003 година е партнер и директор во Simpraxis Architects и главно работи на станбени, комерцијални и јавни проекти. Добитник е на неколку награди на меѓународни архитектонски натпревари и неговата работа е објавена во книги и списанија.

10 (1)

4

Зоран Абадиќ е професор на Архитектонскиот факултет во Белград на Катедрата за архитектура во рамките на основните и магистерските академски студии по предметите Елементи на проектирање, Студио проект. Од 2005 година основал самостојно архитектонско биро 1X2STUDIO. Добитник е на повеќе награди: Награда на салонот за архитектура, Нови Сад 2006 година во категоријата ентериер -реализација за реконструкција на Судница бр.1 – Палата на правдата, Белград; Гран-при на 30. салон за архитектура, Белград 2008 година во категоријата архитектура за објект за социјални станови, Ваљево 2007; Награда на 37. салон за архитектура, Белград 2015 во категорија публикации.

zz

5

Farshad Mehdizadeh ја започна својата професионална кариера како архитект во бирото Fluid Motion во Техеран. Подоцна работел со Lab Architecture Studio од Мелбурн, Австралија. Неговата станбена зграда во Абадан е добитник на првата награда Me’mar awards на Иран, значајно архитектонско признание на Блискиот Исток. Се стекнал со втора магистратура на Advanced Architecture of Catalonia во Барселона, Шпанија, по што се вратил во Иран и основал сопствено биро Tehran Architecture Studio.

6 (1)

11

– Македонски архитекти поканети на дебатата „Одржливост со проектирање“, меќу кои ќе говори и претседателот на ААМ, професор Мишко Ралев.

– Изложба на иновативни технологии

Повеќе за програмата и говорниците можете да видите ТУКА.

0

Цена на билетот: 14 евра, достапна за првите 100 регистрирани, после тоа, цената е 20 евра.

Достапно само за учесници кои ги исполнуваат двата задолжителни услови:

Дали сте членови на SHARE Architects Community – кликнете овде за бесплатна регистрација!

Дали сте членови на ААМ – Асоцијацијата на архитекти на Македонија – кликнете овде за да го добиете промотивниот код за членовите на ААМ.

SHARE Skopje билет вклучува:

– пристап до сите сесии, презентации и предавања организирани за време на настанот;

– вмрежување со колеги и архитекти лидер;

– сертификат за присуство за доополнителна вредност на вашата професионална кариера;

– паузи за кафе и шведска маса;

Напомена: Сите учесници на SHARE Skopje треба да поседуваат сертификат за целосната вакцинација против Ковид -19. Носењето маска е задолжително во текот на целиот настан.

Испрати коментар

Scroll To Top