Насловна / Архитектура / Музејот на уметност Zaishui кој излегува од езеро во Кина

Музејот на уметност Zaishui кој излегува од езеро во Кина

Како да се третираат животната средина и архитектурата како еднакви во кинескиот контекст? Како животната средина и архитектурата што повеќе да се приближат една на друга, како да се направи границата меѓу нив што подвосмислена, како да се направи природата што е можно понежно присустна за нас луѓето? Такви се темите на овој проект.

default default

Проектот кој се протега во должина од еден километар, дело на архитектонското биро Junya.ishigami+associates од Јапонија е Музејот на уметност Zaishui. Сместен во срцето на вештачко езеро во Кина, претставува вистинско архитектонско чудо поради неговата интеракција со водата.

6 5

Овој импресивен објект се наоѓа во развојната област на градот Рижао во провинцијата Шандонг, кој се протега речиси по целата должина на езерото. Во близина е центар за посетители со еколошки, зелен кров и пешачки патеки за истражување на околината.

8 default

Изграден од комбинација на армиран бетон и стакло, Музејот на уметноста Zaishui се карактеризира со блага кривина која ја следи формата на езерото. Посебната карактеристика на овој објект лежи во неговите стаклени панели кои можат да се отвораат за проветрување при поволни временски услови, додека на некои места, под нивото на водата, направени се отвори низ кои водата непречено влегува во внатрешноста на музејот.

13 4

Опишувајќи го објектот, архитектите од Junya.ishigami+associates го истакнуваат создавањето на нова природна средина во рамките на архитектонската структура, каде што внатрешноста и надворешноста се спојуваат во една единствена целина.

13 12

Шетајќи низ музејот, посетителите можат да искусат различни атмосфери – од простори со високи тавани кои пропуштаат изобилство природна светлина, до пониски простори каде светлината си игра со површината на водата, создавајќи посебно визуелно искуство.

9

Во зима, водата под замрзнатата површина на езерото го пронаоѓа својот пат низ отворите на дното на стаклените панели во пресрет на пролетта.

Внатрешноста на музејот е мултифункционална, служи како изложбен простор и трговски центар. Во моментов овде се одржува изложба посветена на чоколадото и уметничките дела на оваа тема, со можност просторот лесно да се прилагоди на други содржини.

11

Во непосредна близина се наоѓа центар за посетители со еколошки кров, додека патеки низ околината водат до различни делови од пејзажот.

Музејот на уметност Zaishui се придружува на голем број извонредни музеи во Кина, како што се Шангајскиот астрономски музеј, музејот за научна фантастика во Ченгду и Музејот на наука и технологија Хаинан, дополнително збогатувајќи ги културните и архитектонските понуди на земјата.

10 15 16 default default 19

Испрати коментар

Scroll To Top