Музејот Лувр, најпосетуваниот музеј во светот, во понеделникот остана затворен за посетителите поради протест на работниците, при што илјадници туристи чекаа во ред пред влезот.
Претставничката на Синдикатот на културните работници, Сара Сефијне, изјави дека протестот бил спонтан и дека работниците протестираат против влошувањето на условите за работа.
Сефијан рече дека вработените се собрале во аудиториумот на музејот за да разговараат со менаџментот, првенствено за пренатрупаноста и недостатокот на персонал.
Музејот остана затворен до пладне, а некои посетители ги напуштија долгите редици што се формираа пред влезот.

Во порака на официјалната веб-страница на музејот беше објавено дека музејот може да се отвори подоцна, поради штрајкот.
Протестот избувнал спонтано за време на рутински интерен состанок кога вработените во галериите, продавачите на билети и обезбедувањето одбиле да ги преземат своите работни места поради неконтролирани гужви и хроничен недостиг на персонал.
Лувр ретко се затвора за посетители, тоа се случувало за време на Втората светска војна, пандемијата на коронавирусот и краткиот штрајк на вработените во 2019 година.
Францускиот претседател Емануел Макрон пред неколку месеци претстави сеопфатен план за реновирање на музејот, што би вклучувало регулирање на големите температурни промени во музејот и поправка на застарената пешачка инфраструктура на влезот.

Предлогот на Макрон за реновирање на Лувр, наречен „Нова ренесанса“, би требало на најпознатиот експонат на музејот, „Мона Лиза“ од Леонардо да Винчи, да му обезбеди сопствена соба, во која би се влегувало со временски ограничен билет, а се планира и нов влез во музејот од реката Сена.
Низ Лувр минатата година поминале 8,7 милиони луѓе, што е повеќе од двојно поголем капацитет од што може неговата инфраструктура да поднесе.
Директорката на музејот, Лоренс де Кар, предупреди во дописот кој се појави во јавноста, дека делови од зградата повеќе не се отпорни на вода и дека температурните еразлики ги загрозуваат експонатите, па дури и посетителите, а тоалетите и објектите за храна, како што наведе, се далеку под меѓународните стандарди.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија