Насловна / Вести / Повеќе луѓе страдаат од екстремни горештини, отколку од поплави, земјотреси и урагани заедно

Повеќе луѓе страдаат од екстремни горештини, отколку од поплави, земјотреси и урагани заедно

Секоја година, речиси половина милион луѓе ширум светот, го губат својот живот од последиците од екстремните горештини, што е повеќе смртни случаи од поплави, земјотреси и урагани заедно. Ова го соопшти осигурителната куќа Swiss Re во извештајот SONAR за 2025 година.

Податоците за смртните случаи се дел од неодамнешните истражувања, вели швајцарската компанија Swiss-Re, која нагласува дека забележителниот пораст на екстремните горештини ја рангира оваа непогода меѓу најважните ризици генерално. Студијата истакнува дека оваа опасност има и бројни негативни ефекти во одредени индустрии, како што се енергетиката и телекомуникациите.

Постојат јасни докази дека екстремните горештини се се посериозни, почести и подолготрајни. Во јули 2024 година, забележани се трите најтопли денови воопшто на Земјата. Податоците зборуваат дека од 60-тите години на минатиот век, топлотните бранови во САД се три пати почести, и траат подолго. Екстремните временски настани можат да имаат големо влијание на човековото здравје. Неодамнешните податоци покажуваат дека околу 480.000 смртни случаи годишно можат да се припишат на екстремно високите температури.  Топлотниот стрес, може да доведе до исцрпеност, топлотен удар и откажување на органите, додека истовремено ги вложува кардиоваскуларните и респираторните болести. Топлинските бранови кои се поклопуваат со силни ветрови, го зголемуваат ризикот од појава на шумски пожари. Swiss Re Institute истакнува дека глобалните осигурителни загуби поради шумските пожари достигнале 78,5 милијарди долари во периодот 2015–2024.

Покрај деталното известување за екстреминте горештини, извештајот SONAR за 2025 година, се занимава со низа структурни ризици, како што се растечката недоверба во институциите, трендовите на смртност и растечките трошоци за судски спорови.

 

Испрати коментар

Scroll To Top