Насловна / Арт и дизајн / МСУ во Белград реновиран според светските музеолошки стандарди

МСУ во Белград реновиран според светските музеолошки стандарди

Реновираната зграда на Музејот на современа уметност (МСУ) во Белград, која 10 година била затворена за јавноста заради реконструкција, се отвори со изложбата „Секвенци. Уметноста на Југославија и Србија од збирките на МСУ“.

Првите седум дена од отворањето публиката била во можност во секое време да ја посети изложбата. По ова, музејот работи со вообичаено работно време.музеј на современа уметност (22)

Музејот е отворен на 20 октомври во 1965 година, а колекцијата на музејот се формира уште од 1958 година, од времето на основањето на Модерната галерија, со цел што подобро да се претстават најважните уметници, движења и тенденции на современата уметност во 20 век на Балканот, Србија и пошироко.музеј на современа уметност (6)

Денес, колекцијата на музејот се состои од повеќе од 8.000 дела и претставува единствен поглед на развојот на уметноста на 20 и 21 век во споменатите региони.музеј на современа уметност (2)

Зградата на МСУ, дело на архитектите Иван Антиќ и Иванка Распоповиќ, за публиката била затворена во 2007 година, кога започна првата фаза на реконструкција и реновирање. Обновата на оваа репрезентативна зграда подразбирала уредување на подрумските простории (депоа, работилници, ателјеа за конзервација… ), уредување на покрив, преместување на енергетскиот блок од музејот во посебен објект, комплетно уредување на ентериерот, замена на инсталацијата и обнова на фасадите.музеј на современа уметност (11)

Музејот по изведените работи доби простор и опрема за изложувања и презентација на уметнички дела во согласност со меѓународните музеолошки стандарди. За две години, Владата на Србија и Министерството за култура за реконструкција на МСУ одвоиле околу 680 милиони динари.

Претходно, за реконструкција на покривот се дадени околу 400 милиони динари, а вкупната сума издвоена во изминатите 10 години за реконструкција на Музејот е околу една милијарда динари.музеј на современа уметност (8)

„СЕКВЕНЦИ… “

Изложбата „Секвенци. Уметноста на Југославија и Србија од збирките на МСУ“, како што објаснува нејзиниот автор и кустос Дејан Сретеновиќ, има функција на постојана поставка, но не и таков статус.музеј на современа уметност (17)

„Имено, кога станува збор за ваквите потфати во историјата на уметноста, го избегнуваме терминот „трајна поставка“, изјавил Сретеновиќ. „Оваа изложба не претендира да канонизира уметници и нивни дела, таа се обидува преку слики и нарации да претстави различни уметнички движења и тенденции. Ова е само едно можно читање на историјата на уметноста на Србија и Југославија на 20 век, чии дела се наоѓаат во колекцијата на Музејот“.музеј на современа уметност (15)

Поставката е поделена на 16 секвенци, од кои секоја за себе е посебна приказна и зборува за одредена поетика, проблеми, уметнички феномени или други појави. Овие секвенци се распоредени во пет наративни текови и ја следат архитектурата на зградата.

На приземјето може да се види и предвоената уметност, која е поделена во две секвенци – „Граѓански модернизам“ и „Социјална уметност“.

На второто ниво се „Историски авангарди“, „Неоавангарда“, „Концептуална уметност“, „Нови уметнички практики“ и „Ретроавангарда“.музеј на современа уметност (10)

Изложбата е дидактички ориентирана и свртена кон најшироката публика, а според организаторите, „целта не е само да се промовира колекцијата и реновираната зграда на музејот, туку, исто така, да ја вратиме и публиката. Пред сè, најмладата, односно оние генерации кои стасале, но немале можност да влезат во оваа зграда и да се запознаат со она што е заедничко уметничко наследство“.

На третото ниво е повоената уметност на високиот модернизам и постмодернизам и фотографии, а на четвртото ниво е уметноста на осумдесеттите години на 20 век, постмодернизмот, „новата предметност“.

На петтото ниво изложбата завршува со уметноста на деведесеттите години на минатиот век и современата уметност денес.

Тимот на авторот Дејан Сретеновиќ го сочинуваат кустосите Зоран Ериќ и Мишела Блануша  кои заеднички ја осмислувале поставката креирана од богатата историја на уметноста на Југославија и Србија во 20 и 21 век.музеј на современа уметност (1)

Свое место во поставката нашле и делата на Надежда Петровиќ, Петар Добровиќ, Сава Шумановиќ, Јован Бијелиќ, групата надреалисти „Белградски надреализам“, движењето „Зенитизам“,Мангелос, авангардните уметници од Горгона…

Посетителите ќе имаат можност да ги видат и делата на познати концептуалисти како што се Марина Абрамовиќ, Раша Tодосијевиќ, Зоран Поповиќ, како и дел од творештвата на најзначајните имиња на повоената сцена на високиот модернизам како Миодраг Протиќ, Петар Омчикус, Стојан Челиќ, Милорад Бата Михајловиќ.

„Постои еден сегмент и со странски уметници. Тука е и угледниот уметник Дан Пержовски и руската група „Што дјелат“, како и интересната скулптура на Конрад Карстен.

На последното ниво на музејот е уметноста на деведесеттите години на 20 век и современата уметност – делата на Билјана Ѓурѓевиќ, Здравко Јоксимовиќ, Милица Ружичиќ, Владимир Миладиновиќ, Синиша Илиќ…

ИСТОРИЈА

Дејноста на Музејот започнала во 1958 година, кога со акт на Сојузот на култура на народниот комитет на Белград била донесена Одлука за основање на Модерна галерија, институција чија задача била да го следи развојот на југословенската и српската модерна и современа уметност во 20 век. Основач и прв управник на Модерната галерија, која започнала со работа во 1959 година, е Миодраг  Б. Протиќ (1922- 2014), сликар, теоретичар и ликовен критичар.

Истата година, Извршниот совет на Србија одлучил за целите на оваа галерија да се изгради зграда што ќе ги задоволи современите музеолошки принципи и да се одреди локација во Нов Белград, на сливот на реката Сава, спроти Белградската тврдина.

Конкурсот за изработка на идејниот проект бил завршен во 1960 година. Било избрано делото на архитектите Иван Антиќ и Иванка Распоповиќ. Зградата е изградена од 1960 до 1965 година.

Новата зграда на Музејот на современа уметност е едно од најзначајните достигнувања на повоената југословенска архитектура и еден од најзначајните примери на музејските објекти на територијата на поранешна Југославија.

Зградата на Музејот на современа уметност со своите извонредни обликовни квалитети, единствена форма, со задоволување на функционалните барања и квалитетното вклопување во непосредното природното опкружување, е вброена во антологиските архитектонски  дела на овие простори. Ова е прва зграда изградена наменски за музеј во Белград.

Архитектурата на Музејот сведочи за преплетувањето на разновидните влијанија, уметнички и културни тенденции, како и општествените и економски сили.

Објектот е конципиран како оригинална просторна композиција, која формира единствен изложбен простор без внатрешни прегради, поделен на неколку нивоа.

Во внатрешноста, оригинален придонес е каскадното решение на полукатови и меѓунивоа. Така, на посетителите им е овозможено лесно движење, а исто така, остварени се простори со различни катни височини, а внатрешниот простор е дополнително збогатен со сукцесивни панорамски визури кон опкружувањето. Со надворешниот изглед на објектот доминира форма од шест засечени двокатни коцки со изедначена горна кота на покривот. Советот на Модерната галерија во 1965 година го усвои новото име – Музеј на современата уметност.

Колекцијата на Музејот, основана во 1958 година,  денес брои повеќе од 8.000 дела и го претставува развојот на уметничкото творештво на 20 и 21 век на Балканот, Србија и пошироко. Колекцијата се состои од Збирка на слики од 1900 до 1945, Збирка на слики по 1945 година, Збирка на скулптури, Збирка на графики и цртежи и Збирка на нови уметнички медиуми (фотографија, филм, видео, итн.).

МСУ има богата библиотека, со повеќе од 5.700 книги и 26.000 каталози на изложби од земјата и странство.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top