Насловна / Архитектура / Монументална структура вкоренета во природата, Тбилиси

Монументална структура вкоренета во природата, Тбилиси

Георги Варламович Чахава (1923 – 2007) е грузиски, советски архитект, дипломирал архитектура на Грузискиот технички универзитет во 1949 година. Во 70-тите години бил заменик министер за изградба на автопатишта во Грузија. Тој е главен проектант на зградата на Министерството за автопатишта на Грузиската ССР, денес Банка на Грузија заедно со Зураба Џалагани.

01

Самиот ја избрал локацијата за зградата, а нарачката е директно обезбедена од државата. Објектот во Тбилиси се наоѓа на западниот брег на реката Кура, на стрмна падина. Значителен дел од зградата е подигнат над земјата, а под објектот се шири природен пејзаж, вклучувајќи и мал поток. Објектот се гледа од далеку, покрај него поминуваат три автопати кои водат на север на земјата.

10

Иако архитектурата е под влијание на руските револуционерни архитекти од 1920-тите, Чахава велел дека монументалната испреплетена структурна мрежа на зградата е вкоренета во природата. Неговата цел била да заземе што е можно помал простор на терен со различните катови од зградата што се отвораат како гранки од централно стебло. Во објектот се влегува од две страни, од горе и од доле.

2

3

Конструкцијата се состои од монументална мрежа од испреплетени бетонски форми. Пет хоризонтални делови со по два ката како да се залепени еден врз друг. Три дела се ориентирани во правецот исток-запад, под прав агол на падината, а два се ориентирани север-југ, долж падината. Структурата се потпира и виси од три јадра. Јадрата содржат елементи за вертикална циркулација како скали и лифтови. Највисокото јадро има 18 ката, а зградата е со површина од 10.960 квадратни метри.

5

Проектот се темели на концептот наречен Space City method (Грузиски патент). Идејата е да се искористи и покрие што помал дел од локацијата, а просторот под зградата да се врати на природата. Референцата на архитектите била шума, јадрата се како стебло, хоризонталните делови крошни. Помеѓу земјата и крошните има многу слободен простор за живиот свет, со што се создава хармоничен однос со шумата. На истиот принцип се заснова и Space City method. Ова треба да создаде чувство на психолошка удобност и благосостојба кај луѓето.

012

Чахава велел: „Отсекогаш бев изненаден од способноста на обичниот грузиски селанец да изгради куќа во која е откриен најизразениот пејзаж, понекогаш давајќи предност на убавината на природата пред удобноста на домувањето. Затоа развојот на сложениот релјеф стана дефинитивен момент во моето творештво. Според мене, колку е релјефот посложен, толку архитектот има повеќе можности“.

0

„Стилот може да се нарече „постконструктивистички“ и е еден од најдобрите примери на овој архитектонски концепт во земјата. Врз основа на употребата на бетон и острите, геометриски волумени, зградата може да се смета и како дел од движењето брутализам. Концептот на вселенскиот град има силни врски со структурализмот. Помеѓу брутализмот и структурализмот слични згради беа изградени и во други земји, на пример комуникацискиот центар Јаманаши во Кофу од Кензо Танге или Хабитат 67 од Моше Сафди, и двата завршени во 1967 година“, пишува Architectuul.

12

Во 2007 година зградата доби статус на Национален споменик. Објектот и неговиот ентериер се целосно реновирани, а нов главен влез и подземно лоби се изградени од 2010 – 2011 година. Во него сега е сместено седиштето на Банката на Грузија.

6

8

9

13

011

1

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top