Насловна / Архитектура / Монтажен објект кој може да се постави како куќичка на дрво

Монтажен објект кој може да се постави како куќичка на дрво

За сите оние кои како деца сакаа да имаат куќа на дрво, компанијата Antony Gibbon Design може да ја исполни нивната желба обезбедувајќи им монтажен објект кој може лесно да се подигне на кој било терен и тоа далеко над соседите!

kuka1

Дрвената куќа наречена F3 може да се прилагоди на различните потреби на корисниците, но и на условите на локацијата, благодарение на нејзината челична конструкција.
Имено, двоспратната зграда со хексагонален облик на основата, благодарение на неговото конструктивно склопување со поддршка на столбови, може да се постави каде и да посака клиентот, дури и меѓу крошните, за да изгледа како куќа на дрво.

kuka
Пирамидалниот облик на зградата овозможува поставување на куќа во планинска околина каде е потребен поголем наклон на покривот. Од шестоаголната основа, четири фасадни sидови се подигаат под агол, додека два остануваат под прав агол во однос на основата. Токму овие sидови се застаклени што овозможуваат одличен, подигнат поглед на околината.

kuka2
На првото ниво на куќата има дневна соба со кујна и бања, додека на првиот кат има спална соба, пишува Architizer. Она што е специфично за овој монтажен објект е дека може да се прилагоди на специфичните барања на клиентите во однос на функцијата и опремата.

kuka3
Куќата е достапна со различни завршни фасади / покриви, а се нуди и преку опции поврзани со прозорци и врати, со цел да се прилагоди зградата на различни услови за локација и буџет.

kuka4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top