Насловна / Архитектура / Во Дубаи се гради зграда од 302 метри која ќе „дише“(ВИДЕО)

Во Дубаи се гради зграда од 302 метри која ќе „дише“(ВИДЕО)

Во Дубаи се гради уште една прекрасна кула, која ќе биде висока „само“ 302 метри, но ќе може и да „дише“.
Холандската архитектонска фирма UNStudio се соочи со голем предизвик како да се истакне „Кулата Васл“, нова зграда во сенката на највисоката кула во светот, високата 828 метри Бурџ Калифа.

dubai
Тие решија да не градат уште повисока зграда, туку да направат зграда што ќе биде посебна, рече архитектот и основач на компанијата, Бен ван Беркел, пишува Си-Ен-Ен.
„Кулата Васл“ ќе биде завршена во август 2021 година, а Ван Беркел рече дека оваа кула со „силен, одржлив концепт“ е на многу начини специфична, слична на уметничка скулптура.
400 милиони долари ќе бидат потрошени за изградба на оваа висока зграда со асиметричен дизајн, што изгледа како изопачена златна нишка.

dubai2
Она што ќе ја оддели оваа зграда од другите е керамичката фасада чии материјали се изработени врз основа на глина. Ова ќе постигне енергетска ефикасност и удобност за престој во објектот – заштита од многу високи температури на воздухот во Дубаи. Ова исто така ќе ја намали употребата на климатизација.
Керамичката фасада ќе ја рефлектира сончевата светлина во ритмички форми, што ќе создаде впечаток дека зградата дише, пулсира, тврдат архитектите.

dubai1
Фасадата ќе остави сличен ефект во текот на ноќта, бидејќи ќе биде осветлена со лед светилки од позадината.
Оваа необична зграда ќе смести ланец на луксузни хотели, деловни простории, приватни станови и базени, а се планира да биде поврзана со метро станицата која се наоѓа во близина на Бурџ Калифа.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top