Насловна / Архитектура / Монолитна семејна куќа во швајцарските Алпи

Монолитна семејна куќа во швајцарските Алпи

Модерната архитектура во последниве години, како да е дел од иднината што доаѓа. Токму таква е монолитната семејна куќа Montebar Villa, која се наоѓа на една осамена падина во швајцарските Алпи. Интересното во целиот проект е што целата конструкција, изградена од еден блок од камен во потемна боја, заедно со затворените прозорци претставува единствена целина.монолитна куќа_2

Идиличната локација овозможува влез на сончева светлина во сите делови на куќата во текот на денот, што денес е многу пожелно и барано.монолитна куќа_6

Ова модерно здание има три спални соби, работна соба, дневна соба, две бањи и перална, и во текот на топлите месеци предниот дел на куќата може да биде целосно отворен, кој потоа може да служи како еден вид тераса и продолжение на дневниот дел на отворено. Ова одлично архитектонско решение е потпишано од страна на познатото миланско студио JM Architecture.монолитна куќа_3 монолитна куќа_4 монолитна куќа_5 монолитна куќа_7 монолитна куќа_8 монолитна куќа_1

Испрати коментар

Scroll To Top