Насловна / Вести / „Тесла“ гради соларна централа и мегабатерија на хавајски остров (Видео)

„Тесла“ гради соларна централа и мегабатерија на хавајски остров (Видео)

Havai Tesla-Powerpack-Kauai-utility-solar-farm-3

Островите на Пацификот веројатно се најпрактичните места за промовирање на соларната енергија. Таму нема ниту гасоводи, ниту железнички пруги за испорака на јаглен, па затоа местата како што е островот Кауаи зависат исклучиво од обновливите извори на енергија и увозот на дизел гориво. Хавајскиот остров Кауаи во текот на денот користи сончева енергија, но кога ќе падне мрак целиот остров се префрла на дизел генератори.

Havai

Компанијата „Тесла“ сака да ја укине таа пракса со изградба на големи соларни фарми и складишта на енергија. Ефикасноста на соларните централи зависи од периодот во денот, односно интензитетот на сончевото зрачење, а „Тесла“ веќе одамна нуди т.н. Powerpack – батерија која во текот на сончевите периоди складира енергија за потребите во текот на ноќта. Замислениот The Kauai project, би вклучувал батерија од 52 MWh и соларна централа со инсталирана моќност од 13 MW која би ја изградила компанијата „SolarCity“.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top