Насловна / Ентериери / Модуларна „3 во 1“ софа за мали простори

Модуларна „3 во 1“ софа за мали простори

„Софист“ е приспособливо парче мебел, кое е комбинација на тросед со две фотелји во еден елемент.

Ако имате мал стан или канцеларија и понекогаш треба да бидете домаќин на повеќе луѓе, ова решение може да биде многу згодно.софист_1

Во склопена состојба „Софист“ зазема место на софа, но кога фотелјите се извлечени, а кои обично служат како потпирачи за раце на софата, се добиваат нормални пет места за седење.софист_2

Минималистички елегантен изглед, може да се вклопи во речиси секој простор, а благодарение на изборот на голем број материјали за тапацирање, употребната вредност се зголемува уште повеќе.софист_3

„Софист“ може да се купи на интернет по цена од 1.210 евра.софист_4

Испрати коментар

Scroll To Top