Насловна / Арт и дизајн / Модерна светилка со мултифункционална светлина

Модерна светилка со мултифункционална светлина

Самиот опис на оваа светилка кажува дека е идеална светилка за сите оние кои претпочитаат минимализам во својот дом.

lampa

Поточно, станува збор за модерен минималистички пристап кон осветлувањето, овојпат потпишан од индискиот дизајнер Шаил Ајер, кој следи прилично јасна логика во својата работа. Имено, како што повеќето од нас во последно време се повеќе се свртуваат кон домашните канцеларии, минимализмот полека но сигурно станува важна компонента на секој дом. Причината е едноставна: на сите ни се гади од неред!

Иако вистинскиот минимализам е тешко да се интегрира и да се отелотвори во секојдневниот живот, современите идеи прават понекогаш премногу едноставниот и стерилен изглед на минимализмот да изгледа малку попристапен. Познат по својата едноставност и функција, модерниот минимализам се состои во зафаќање што е можно помалку простор додека вршите некоја работа.

lampa1

Таков е случајот со оваа столна ламба за која слободно можеме да кажеме дека по својата форма наликува на модерен лампион. Тој е дефиниран со силуета од повеќе форми, но највпечатлив дел од светилката е нејзиното тело, кое задржува голема цилиндрична форма за да обезбеди стабилен држач.

LED светлото во форма на капсула работи како главно светло тело на светилката, кое е поврзано со полукружна челична рачка. Вклучувајќи допир на мултифункционалност, дизајнерот создал светилка што може да стои на рамна површина или да виси од кука на ѕидот.

На овој начин, светилката станува идеална комбинација на едноставност и елеганција на обликот, што создава многу повеќе простор – не само за работа, туку и за релаксација.

lampa2

Испрати коментар

Scroll To Top