Насловна / Вести / Украина и нуклеарната енергија

Украина и нуклеарната енергија

Вниманието на целиот свет е насочено кон настаните во Украина. Едно од прашањата што предизвикува загриженост кај многумина, е во врска со нуклеарната енергетика во оваа земја. Имено, нуклеарната енергетика е прилично развиена во Украина, а остатокот од светот е загрижен каква би била опасноста од евентуални хаварии и оштетувања на нуклеaрните електрани во средиштето на воените дејствија.

ukraine1

Украина има 15 нуклеарни реактори кои обезбедуваат околу 50% од електричната енергија во земјата. Сите нејзини реактори се од рускиот тип ВВЕР. Нуклеарниот развој започнал во 1970 година, во времето на СССР, со изградбата на нуклеарната електрана „Чернобил“.  Првиот реактор е пуштен во работа во 1977 година, а блокот 4 кој доживеа катастрофа во 1986 година, е пуштен во работа во 1983 година. После оваа хаварија плановите за изградба на блоковите 5 и 6 на оваа нуклеарка се откажани. Нуклераната индустрија во земјата останува прилично стабилна во текот на годините по стекнувањето нa независност. На крајот на 1995 година, во мрежа е вклучена „Запорожје 6“ со што Запорожје станува најголемата нукеарна електрана во Eвропа, со вкупен инсталиран капацитет од 5.700MW.

ukraine3

Ukraine Tensions Chernobyl

 

Во август и октомври 2004 година, на мрежа се приклучени реакторите „Хмељницки 2“ и „Ровно 4“, со што електроенергетскиот систем добива нови 1900MW, со кои се заменува изгубениот инсталиран капацитет со затворањето на чернобилските блокови 1 и 3 во 1996 односно 2000 година.  Во септември 2021 година, потпишана е спогодба со американски Westinghouse за изградба на четири реактори на веќе утврдени локации низ земјата, а истовремено се работи и на инсталирање на мали модуларни нуклеарни реактори.

ukraine5

Од компанијата „Енергоатом“ која управува со нуклеарните електрани во земјата, велат дека „во случај на бомбардирање, електраните нема да работат“. Постројката се гаси до отстранување на опасноста. Во исто време тие велат дека имаат залихи на нуклеарно гориво за непречена работа во период од две години, па евентуален прекин на испораката на гориво кое досега се набавувало од Русија и САД нема да предизвика поголеми проблеми. Физичкото обезбедување на овие капацитети е исто така максимално зајакнато. Но, неодамнешните воени операции во реонот во кој е сместена нуклеарката „Чернобил“ покажале пречекорување на нивоата на зрачење, поради пореметувањата на горните слоеви од почвата предизвикани од движењето на тешката воена машинерија.

Испрати коментар

Scroll To Top